• Latest

Ќе биде ли победата – пирова?

May 10, 2024
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ќе биде ли победата – пирова?

May 10, 2024 15:23
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Проф. МИРЈАНА МАЛЕСКА

ЦИВИЛ МЕДИА

Изгледа во земјата, не остана некој што не е националист, вклучувајќи ги и Албанците. Така е кога една националистичка партија со антиалбанска реторика и шовинистички изборен слоган „Македонија повторно твоја“ и претседател кој јавно, во повеќе наврати, искажал резерви кон Охридскиот рамковен договор, ќе формира влада со помош на албанска коалиција која едвај го чека тоа. Нема десно, нема лево, нема „сонцето за Албанците изгрева на Запад,“ а Европа ќе почека… Има само коалиции со отворени и скриени интереси и заеднички јуриш да се зграби власт. Навидум, борбата со корупцијата е коалицискиот лепак, со закани, толку пријатни за ушите на овој ограбен народ, дека сите корумпирани ќе завршат во затвор. По секоја цена.

Политичката одлука падна, сега на потег ќе биде судската власт. Прво ќе се распуштат, според лидерот на победничката партија, Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители и самите судии ќе ги бираат членовите на овие тела. Не треба политиката ништо повеќе да прави. Самите судии знаат кого треба да изберат и како да судат… Изгледа друг начин за борба против корупција во оваа држава, нема.

Почетните позиции на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН кои преговараат за состав на влада, се наоѓаат во нивните изборни програми и во настапите на нивните лидери и претседателот на државата.

ВЛЕН во областа која е најчувствителна и каде разликите можат да бидат најголеми, во надворешна политика и внатрешно уредување, бара мандат за:

  • Уставни измени во 2024 и целосно усогласување на политиката на земјата со ЕУ и НАТО.
  • Нов, подемократски, модерен устав, кој ќе ја редефинира земјата како рамноправна држава на две мнозински заедници и ќе гарантира целосни права и за малцинските заедници.
  • Албанскиот јазик да биде државен јазик на целата територија на државата, целосно еднаков на македонскиот.
  • Употреба на албанската национална химна, знаме и грб во училиштата и институциите, со еднакви законски права како оние на Македонците.
  • Создавање на Национален совет на албанската дијаспора, во соработка со Косово и Албанија.

Од своја страна, ВМРО-ДПМНЕ во надворешната политика, во програмата бара мандат за:

  • Целосна усогласеност на земјата со заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика на ЕУ.

Меѓутоа во јавните настапи на претседателот на партијата и мандатар за влада и претседателката на државата, јасни се неколку тврди позиции:

  • Нема преговори под бугарски диктат. Нема отворање на уставна процедура за внесување на бугарското малцинство во уставот, под услови утврдени во т.н. Француски предлог. Бугарското малцинство било веќе опфатено во уставот под „други“.
  • Ревидирање на Охридскиот рамковен договор во насока на јакнење на компонентите на мнозинскиот модел, еден граѓанин, еден глас. Претседателката на државата изјави дека никаде во уставот не пишува коалициска влада да биде составена од македонски и албански партии.
  • Ревизија на Преспанскиот договор во согласност со нивната мантра: Никогаш Северна-само Македонија.
  • Ревизија на договорот за пријателство со Бугарија и бришење на „заедничка историја“ што практично значи, отфрлање на преговарачката рамка со ЕУ.

Накусо, овие две коалиции имаат сосема спротивставени и во моментот, се чини непомирливи позиции.

ВЛЕН остава впечаток дека бара федерализација на земјата, а ВМРО-ДПМНЕ јакнење на унитарниот карактер на земјата.

ВЛЕН бара отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ до крај на 2024, додека ВМРО-ДПМНЕ по никоја цена не се согласува со тоа и најавува нови преговори со Бугарија и ЕУ.

Што може да се очекува?

Едното сценарио е ВМРО-ДПМНЕ да не се согласи на отстапки по клучните барања и да  формира влада само со македонски партии, што не е веројатно.

Второто сценарио е ВЛЕН, како послаб преговарач, да отстапи од федерализација и да остане во рамки на сегашниот уставен аранжман со мали украсни промени, можеби околу јазикот. Но ќе инсистира, до крај на 2024 да продолжат преговорите со ЕУ, особено ако има такви инструкции од Тирана и Приштина и западните партнери. Избирачите кажаа кој е „газда“ во куќата и ВЛЕН во моментот ќе мора тоа да го почитува.

Како и да завршат овие преговори, идната владина коалиција нема да има долг век. Тврдите ставови на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на државата во поглед на  меѓународните договори кои на земјата ѝ обезбедија мир и опстанок, а на кои македонските националисти гледаат како на предавство на македонскиот народ, ќе ја води земјата во конфронтација со соседите и ќе го одложи пристапувањето во ЕУ, со што владејачката партија ќе се размине со интересите на албанските граѓани и нивните партии и ќе го разниша кревкото меѓуетничко балансирање. Атина и Софија веќе се огласија со предупредувања. Брисел, исто така, малку поучтиво.

Останува надежта дека политиката не е празен лист хартија и дека владејачката партија ќе ги смени или барем ќе ги смекне своите ставови, кон нужни компромиси. Во спротивно, изборниот триумф, може да се покаже како Пирова победа.


Авторката е универзитетска професорка. ЦИВИЛ МЕДИА

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ