• Latest

Ќе доцнат новите учебници за четири одделенија, се средуваат ракописите и се бара фирма што ќе ги печати

August 15, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Ќе доцнат новите учебници за четири одделенија, се средуваат ракописите и се бара фирма што ќе ги печати

August 15, 2022 08:40
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно новата Концепција за основно образование, од септември учениците во прво, второ, четврто и петто одделение треба да учат по нови учебници. Наставните програми се готови, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година. Како што за Мета.мк информираат во Министерството за образование и наука (МОН), сите постапки за одобрување на учебниците за прво, вторo, четврто и петто одделение во основното образование за кои се изготвени нови наставни програми, се во различна завршна фаза на одобрување.

„На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки од рецензентските комисии и истите треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, повторно ракописот со измените се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената. Така што, при евентуално пролонгирање на постапките и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето преку подготвени соодветни материјали, додека не ги добијат новите учебници“, информираат оттаму.

Во меѓувреме, додаваат во МОН, во тек е и постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците, а на 12 август беа отворени пристигнатите понуди.

Обуки за 3.000 наставници од второ и петто одделение 

За да можат да предаваат „по ново“, наставниците во одделенска настава треба да бидат обучени за тоа. Овие обуки за наставниците ги спроведува Бирото за развој на образованието (БРО). За 3.000 наставници кои предаваат во прво и четврто одделение, обуката беше спроведена во јуни, додека за 3.000 наставници од второ и петто одделение ќе се спроведе овој месец и почетокот на септември. Обуките ги одржуваат советници во БРО.

„Овие наставници минатата година следеа три обуки, а годинава ќе следат обука за планирањето и реализирањето на наставата според новите наставни програми (за второ, односно, петто одделение) и за принципите на новата Концепција за основно образование. Ќе бидат обучени околу 3.000 одделенски наставници. Посебен акцент при овогодинешните обуки ќе биде ставен и на медиумската писменост, тема што е застапена во новите наставни програми, за учениците од најмала возраст, па наставниците треба да стекнат компетенции како тоа да го работат преку соодветни активности“, велат во БРО за Мета.мк.

Со 1 милијарда денари ќе се градат нови училишта

Во однос на опремувањето на училиштата, пак, од МОН за Мета.мк информираат дека тие добиваат пари од државата преку блок дотациите, кои им се префрлаат на општините од државниот буџет. Тие се трошат за нормално реализирање на воспитно-образовниот процес и за тековното функционирање на училиштата, а дополнително, општините и училиштата можат да обезбедуваат и средства од други извори.

„Во последните две години во буџетот на МОН се предвидуваат средства во износ од 1 милијарда денари (на годишно ниво) за изградба на училишта, спортски сали, за реконструкција на постојни објекти и слично, што е двојно повеќе од изминатите години и тие средства се реализираат. Голема поддршка за опремување на училиштата добиваме од Светска банка. Тие се финансиери на Проект за унапредување на основното образование во вредност од 21,5 милиони евра, а кој во следните 5 години ќе обезбеди побрза и поголема достапност на средства за училиштата, повеќе инвестиции во училишните услови, полесно справување со предизвиците од пандемијата и генерално подигнување на конкурентноста на образовниот систем“, велат во МОН.

Меѓу другото, проектот предвидува подобрување на учењето во училиштата преку вложување во постојните објекти, опремување на кабинети, набавка на ИТ опрема, нагледни и наставни помагала, набавка на училишна опрема – клупи, столчиња, табли, збогатување на библиотечните ресурси и слично.

„Информираме дека преку овој проект набавена е опрема за кабинетите по природни науки во 265 основни училишта, за да можат учениците да добијат детална претстава, визуелизација на тоа што го учат по предметите од групата на природните науки. Кабинетите ќе бидат во функција со стартот на новата учебна година“, додаваат во МОН.

Инаку Мета.мк објави дека основците и средношколците во земјава, годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, а секоја следна учебна година во план е да започнува на 10 септември. Министерот Јетон Шаќири во изјава за Мета.мк кажа дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ