• Latest

Ќе држиме ли палци за среќа Собранието да ги изгласа антикризните мерки?

November 2, 2022

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ќе држиме ли палци за среќа Собранието да ги изгласа антикризните мерки?

November 2, 2022 10:13
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве сите ги очекуваат антикризните мерки, ранливите категории и пензионерите ветената помош, а компаниите поевтина струја. Премиерот Димитар Ковачевски уште кога ги соопшти побара соработка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но наместо поддршка тие започнуваа нова дебата дека овие мерки се недоволни. И покрај предупредувањата на Светската банка дека нашиот Буџет е лимитиран и дека треба секој денар да се испланира, ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни мерки, ама не кажува од каде земјава да најде пари за истите.

Владата уште пред две недели по брза постапка го донесе новиот антикризен  пакет вреден повеќе од 360,2 милиони евра, но ако се потсетиме како во минатото функционираше Собранието, во однос на гласањето на законите поврзани со антикризните мерки и блокадите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тогаш навистина треба да држиме палци за среќа.

Потребна е совест кај пратениците и под итно да се изгласаат мерки што може да им помогнат на илјадници семејства од ранливите категории, пензионерите но и малите и средни претпријатија, се пораките и на експертите и на стопанствениците.

Со претходниот сет мерки што се спроведуваше од првите месеци во годината вкупната вредност на таргетирани мерки досега достигна над 760 милиони евра, a тоа значи согласно проценките на Светска банка, вкупната помош на Владата досега изнесува
околу 5% од БДП.

За споредба, оваа помош во околните земји изнесува 2,5% од БДП на Србија, 2,1% во Косово,  1,4% во  Албанија,  0,5% Босна и Херцеговина  и 0,1% во Црна Гора.

Потребни се законски измени во Собранието

Ковачевски јасно порача дека за некои од мерките планирани за наредните четири месеци мора да се направат законски измени.

Тоа важи и за 330.000 пензионери согласно препораките на СБ, кои, во зависност дали се меѓу оние со најмали пензии или со малку повисоки, треба да добијат месечна помош од 750 до 1.500 денари.

Во директните мерки е еднократната помош по 3.000 денари во наредните четири месеци за ранливите категории граѓани, кои сега примаат различни видови помош од државата.

Најважноне да не се огрешат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, да бојкотираат, па и овие 42.000 граѓани да чекаат на нивното притискање копче.

Кои се мерките за стопанствениците

Мерки побараа и стопанствениците,  па така нивниот сет вклучува ослободување од плаќање на ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување и  на тој начин вкупно  26 милиони евра остануваат на располагање за оптег во стопанството.

Компаниите што произведуваат храна имаат рок од еден месец да потпишат договор со ЕСМ продажба за набавка на струја по 80 евра за мегават/час. Оваа мерка на Владата е со ограничено времетраење до 30 април 2023 година или до прекин на прогласената кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија

Одлуката стапува на сила по објавување во Службен весник по што компаниите ќе имаат рок од еден месец да потпишат договор.

Исто така продолжува финансирањето на општините за проекти за енергетска ефикасност со 10,5 милиони евра преку Министерството за финансии.

Дополнително се одложува воведувањето еколошката такса, која во стопанството ќе сочува 25 милиони евра.

Од април до сега ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80%, па така 611.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи и имаат пет пати помала сметка за струја од она што би ја платиле без субвенцијата на државата, а оваа мерка ќе остане до крајот на годината со што планот е да се приклучат и компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час“.

Оваа мерка на производителите на основни прехранбени производи ќе им овозможи да имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат. Со ваква цена на електричната енергија, крајните цени за потрошувачите треба да се намалат за најмалку 10 отсто.

Дали ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги блокира и антикризните мерки?

Во однос на енергетската криза, добрата вест е што училиштата и здравствените установи се вклучуваат на регулираниот пазар. Секако и тоа бара државни пари, затоа што таа цена е значително под берзанската.

Како и секогаш кога се прави  листа кој да добие пари од државната каса, ќе се јават и многу незадоволни. Но, како што уште пред една година ни порачаа од Светска банка, државата нема неограничени пари, помошта треба да се намалува и строго да се насочува.

Она што загрижува е ако запнат законите во Собранието, бидејќи според досегашните информации над 70 закони се блокирани во законодавниот дом, а опозицијата веќе ја започна својата добро позната стратегија. Пред Собранието претстави свој пакет на антикризни мерки, кои на хартија изгледаат добро, но нема насоки од каде да се најдат пари. Дискусиите може да траат до бесконечност, а граѓаните да останат и гладни и смрзнати.

Соња Танеска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ