• Latest

Ќе има ли социјална правда за пензионираните припадници на Армијата?

November 6, 2019
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ќе има ли социјална правда за пензионираните припадници на Армијата?

Припадниците на Армијата, извршувајќи ги своите наменски задачи и обврски: одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на државата, учество во  операции за поддршка на мирот, предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ,ЕУ и други меѓународно договорени сојузи, поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности по безбедноста на Републиката, како и асистенција на цивилните структури во случај на природни катастрофи (поплави, пожари, земјотреси и др.) максимално вложувајќи се, истите ги извршуваат во најсложени временски и климатски услови.

November 6, 2019 16:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ЏАМБАСКИ

ПОВОД: Брифинг со новинарите на Министерката за одбрана на 4 ноември 2019 во врска со ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА

За поздравување!

Министерката за одбрана најави измени во Законот за служба во Армијата, со што ќе се подобри стандардот на припадниците на Армијата, а исто така и условите за пензионирање. Припадниците на Армијата го заслужуваат тоа, треба да имаат сатисфакција за заложбите при извршувањето на задачите, како редовните, така и вонредните!

Но дали министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ќе се заложи за праведност во македонското општество на пензионираните припадници на Армијата, како што нејзиниот колега Оливер Спасовски пред некој ден во Парламентот најави за пензионираните полициски службеници ( Нивниот закон е од 2010 година)?

Припадниците на Армијата, извршувајќи ги своите наменски задачи и обврски: одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на државата, учество во  операции за поддршка на мирот, предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ,ЕУ и други меѓународно договорени сојузи, поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности по безбедноста на Републиката, како и асистенција на цивилните структури во случај на природни катастрофи (поплави, пожари, земјотреси и др.) максимално вложувајќи се, истите ги извршуваат во најсложени временски и климатски услови.

Пожари – припадниците на Армијата први, а многу пати и главни носители за справување со истите.

Поплави – припадниците на Армијата први, а многу пати и главни носители за справување со истите.

Чистење на речни корита – припадниците на Армијата први, а многу пати и главни носители.

Да, припадниците на Армијата се од народот, секогаш со народот и за народот.

За резултатите постигнати при тоа, (особено во  операции за поддршка на мирот, добиваа и добиваат најголеми признанија, одликувања и медали од највисоките авторитети на НАТО).

Припадниците на Армијата, почнувајќи од 2002 година до денес, со своето залагање при извршувањето на задачите во операциите за поддршка на мирот, (Авганистан, Ирак, Либан, БиХ) го трасираа патот за достигнување на стратегиската цел- влез во НАТО!

Голем број од овие припадници Армијата, кои ги постигнаа овие резултати, сега се во пензија. Истите се пензионирани според различни услови и закони и по најнеповолни услови,  според член 77 од Законот за ПИОМ (25 години пензиски стаж, од кои најмалку 15 години ефективно поминати на работни места за кои стажот  на осигурување се смета со зголемено траење и 55 години живот (маж), односно 50(жена), но не и 40 години пензиски стаж. На тој начин, наместо да одат со 80% од просекот на плати (и тоа од сите години на служба, не од 10-те најдобри години) се оштетени со по 2 – 5.000,00 денари, па и повеќе. Примаат 70% или најмногу 74% од просекот на платите, бидејќи процентот им се намалуваше за секоја година работен стаж помалку од 40 години.

Со тоа пензионираните припадници на Армијата се обесправени, односно оштетени!

Друго прашање е што под тие услови беа пензионирани старешини кои имаат завршено највисоки школи и специјализации според НАТО стандардите, извршуваа највисоки должности и во Армијата и во Штабовите на НАТО, се уште се способни за трупна служба и понатамошен придонес за Армијата на патот за влез во НАТО.

А пак неспособни старешини за служба во трупа, останаа во службата (нормално не во трупа) и бараа и добија продолжување за служба до 67 години старост.

Уште еднаш прашање: дали министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ќе се заложи за праведност во македонското општество на пензионираните припадници на Армијата, како што нејзиниот колега Оливер Спасовски пред некој ден во Парламентот најави за пензионираните полициски службеници ( Нивниот закон е од 2010 година)?

Ако се заложи, тоа би требало да оди на собраниска седница по брза постапка – се друго би било нерешавачко!

Со почит до колегите и соработниците!


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ