• Latest

Ќе излезат ли штипјани на изборите за градоначалник?

November 26, 2020
Фото: МВР

РЕАКЦИИ: Огромно НЕ на министерот Тошковски, граѓаните веруват дека стапката на криминал не е намалена, напротив, таа е зголемена

June 17, 2025
Зоран Заев и Алексис Ципрас за време на потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици

Преспанскиот договор, седум години подоцна: Од дипломатски триумф до ризик од враќање наназад

June 17, 2025

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

June 17, 2025
прашање на денот преспа

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: 7 години Преспански – кои се придобивките?

June 17, 2025
Ерол Ризаов

Моралната одговорност не се мери на избори

June 17, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за автобускиот „превоз“ на национализмот, судскиот триумф на Мицкоски и Тошковски против Дерала, како профитираат политичарите од Газа и други прашања

June 17, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Паранојата и стравот во Иран од Мосад расте, оние кои носат „маски, капи и очила за сонце“ се израелски шпиони

June 17, 2025
Фото: Скриншот

„Изгорената кожа на повредените од пожарот во Кочани не е рекламна табла“ – Вучиќ доби кривична пријава од студентите на блокада

June 17, 2025
Фото: Скриншот

Трамп го напушти Г7 предвреме – кои се неговите опции за справување со Иран?

June 17, 2025

Мицкоски најавува решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи

June 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ќе излезат ли штипјани на изборите за градоначалник?

November 26, 2020 08:41
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Правото да се бира и да се биде  биран, е едно од основните цивилизациски достигнувања на  модерниот свет. Илјадници години требало да поминат па да се спојат овие две права во едно. Да имаат можност да ги избираат своите властодршци граѓаните на разните држави, со војни и преврати ја освојувале. И така освоената слобода се до средината на дваесеттиот век не била достапна на секој. Не сите граѓани можеле да избираат или да бидат избрани за претставници на граѓаните. Некој од нам познатите демократски земји на своите граѓанки полна рамноправност им дозволиле дури во седумдесеттите години на дваесеттиот век.  А правото и слободата се освојува и се чува. Нема вечно дадена слобода ,нема вечно заслужени права ако не се потврдуваат со нивната комплементарност – одговорноста. Колку имаме право, според уставот и законите, исто толку имаме обврска тоа право да го користиме, како одговорни единки од заедницата.

Долг вовед за да им ги преставам моите ставови на штипјани околу нивната дилема   — дали да излезат на гласање на 13 декември, кога треба да го изберат новиот градоначалник на нивниот град.

По објавата на опозициската партија, дека нема да има свој кандидат за градоначалник , започна кампања дека за избори нема услови. Бројките на заболените од корона вирусот се големи и изборите се опасност за распламтување на пандемијата.

Еве како стојат работите во овој миг . Имаме 520 позитивни на ковид-19 граѓани и 58 во болница. Кога во јули имавме избори за парламент, имавме 340 позитивни и 41 лице во болница. Овој вториот број го земаме со резерва зошто во клиничката болница се лечат и пациенти кои не се од нашиот град. Без да ја намалуваме опасноста од вирусот да потсетиме дека своето право на глас , граѓаните што се позитивни , можат да го извршат и од дома, а за таа цел ДИК формираше пет медицински и избирачки одбори што ќе постапат според протоколите и законот. Според потребите, тој број може и да се зголеми – е изјавата на ДИК.

Ќе бидат ли безбедни избирачките места ако се спроведат изборите во вакво време? Исто толку безбедни како што сме безбедни при извршување на секојдневните задачи. Протоколите велат, ако се држи дистанца, се носи маска, ризикот од пренесување на вирусот е многу мал. Ако сме одговорни и не се групираме на избирачките места, нема да се доведеме во опасност  од зараза. Членовите на избирачките одбори ќе се доведат во опасност? Исто толку како што беа во опасност и на 15 јуни кога 23 илјади штипјани излегоа на гласање. Државната изборна комисија донесе  протоколи за заштита на  членовите на избирачките одбори. Значи и овде се бара да се почитуваат мерките пропишани од министерството за здравство и овде е потребно придржување на мерките кои и онака се задолжителни за сите граѓани во секојдневните обврски. Само десетина отсто од граѓаните сé уште не ги почитуваат мерките, ама штетата ја чувствуваме секојдневно околу себе. Ако ги одложиме изборите ќе ги убедиме ли дека не се одговорни граѓани и дека сите нас нè ставаат во опасност? Тешко дека тоа ќе биде причината за зголемување на нивната одговорност.

Изборите ќе чинат околу 200 илјади евра, а тие пари во овој момент се попотребни за други цели. Оваа констатација е точна само ако ја гледате издвоено.

Ако се качиш во погрешен воз сите станици понатаму се погрешни..

Изборите беа извесни на 30 август, кога поранешниот градоначалник стана министер. На 12 септември советот на општина Штип констатираше состојба, кога треба да се постави заменик градоначалник и да се започне процедурата за закажување на изборите за градоначалник. Во Штип имаше 215 граѓани со вирус Ковид-19 и 34 болни.  Ако се сакаше да се заштедат парите на граѓаните во тие со закон определени 30 дена кога владата треба да донесе одлука, дали ќе има избори или ќе се назначи в.д. градоначалник , опозицијата имаше можност со законска иницијатива и јавно образложен став за причините, да бара изборите да бидат заедно со редовните локални избори. Ставот за непотребно трошење на парите од буџетот, ќе имаше  голема вредност.  Одлуката да не се истакне свој кандидат, само на три дена пред истекот на рокот не дава право да се брани со овој аргумент за трошење средства. Прекинувањето на кампањата и одложување на изборите пак е трошок,  средствата за досегашните изборни активности веќе се потрошени.  А за законската можност кампањата да се прекине, да не стане збор. Имаше такво одложување во март, но тогаш беше прогласена вонредна состојба, што не е случај сега. Не знам колку законска можност дава прогласувањето на кризна состојба но досега никој не се изјаснил околу тоа.

Партиите и граѓаните што имаат свои кандидати треба да се во рамноправна положба при преставувањето на своите програми. Условите со корона кризата се за сите еднакви. Протоколите се знаат и треба да се почитуваат. Тоа што некои сметаат дека традиционалните начини на водење кампања им ги намалуваа можностите за повеќе гласови е проблем на нивната стратегија. Задача на државните органи и на граѓанските здруженија е да направат вистински мониторинг на условите кои ги имаат кандидатите. Будно да се следат сите активности кои би довеле до загрозување на избирачкото право на секој граѓанин и граѓанка.

И на крајот дилемата околу цензусот. Во член 128 од Изборниот законик се пропишани како се сметаат за законски резултатите од изборите. Во првиот круг се смета за победник кандидатот што има мнозински број на гласови од излезените избирачи но тој број не смее да биде помал од една третина од запишаните избирачи во општината.  

Овде ќе има дилеми ако има излезност помала од 14 илјади гласачи. Тогаш ќе има и друг круг, каде ќе учествуваат првите двајца кандидати со најдобри резултати од првиот круг. Ако се протолкува дека има цензус од 14 илјади излезени гласачи тогаш ќе влеземе во волшебен круг на правни преседани и толкувања. И како ќе стои тогаш аргументот за трошењето пари за избори за мандат што во тој случај ќе биде само шест месеци?

Партиите ќе си имаат свои теми за прес конференции каде ќе ги докажуваат своите  рејтинзи, нашите пари ќе се трошат двапати, а локалната самоуправа ќе мора да престане со активностите. В.Д. состојбата може да трае најмногу шест месеци. Ќе останат до октомври шест месеци за кои ќе мора да се бара законско решение. Владата ја има на располагање  можноста од воведување принудна управа кога се распушта и советот на локалната самоуправа. Многу прашања ќе искрснат за разрешување.

САД организираа избори, иако се држава со најголем број на заболени од ковид-19 . Гласаа повеќе од 170 милиони гласачи. Во најголемиот шопинг мол во Њујорк има 12 илјади  вработени во две смени. Малку повеќе е потребно во еден ден, штипјани да излезат на избирачките места и слободно да го дадат својот глас за кандидатот за кој сметаат дека ќе биде најдобар градоначалник и изборите да се успешни.

Правото и одговорноста се како темната и светлата страна на месечината, само двете заедно ја прават целина.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    502 shares
    Share 201 Tweet 126
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    224 shares
    Share 90 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ