• Latest
Ерол Ризаов

Ќе му намигне ли Трамп на Мицкоски

January 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Британскиот парламент гласаше за „потпомогнато умирање“, отворајќи пат за историска промена на законот

June 20, 2025
УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

June 20, 2025

24 ЧАСА: Смрт на улиците – нема крај на фаталните сообраќајки; Нетанјаху се жали – синот ја откажал свадбата поради ракетните напади; Додик слободно шета низ Русија; Холандија ја призна советската депортација на Кримските Татари како геноцид

June 20, 2025

Апелација им го укина куќниот и им определи ефективен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија

June 20, 2025

ЕУ: Секоја одлука за изградба на мостови преку реката Ибар мора да се донесе со учество на сите заедници

June 20, 2025

На Мерко му е изречена казна од 10.000 евра за несовесно работење

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025
РЕАКЦИИ МИЈАЛКОВ

РЕАКЦИИ: Платно на очите за правдата, сметка за народот

June 20, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ирански хакери повторно се активираа во Албанија, хакирана страницата општина Тирана; Бериша најави масовни протести; Косовските граѓани сакаат политички консензус

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Ќе му намигне ли Трамп на Мицкоски

Додека премиерот Мицкоски се подготвува за значајните средби што ќе ги има во Вашингтон би било многу подобро да најде начин да стаса и на средба со еден друг Доналд. Оној Доналд од Варшава, кој сега ја води ЕУ

January 15, 2025 10:10
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Голема помпа од фалби се крена за поканата на нашиот премиер Христијан Мицкоски да присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Бил единствен од регионот што му била искажана  таква чест. Тоа е од огромно значење за иднината на Македонија ќе јават на сите sвона партиските и медиумските пропагандисти на власта.

Фактот што досега на претседателските инаугурации на американските претседатели немало покани на високи државни функционери нема некакво значење за големината на настанот, бидејќи има одлична шанса Трамп да му намигне на Мицкоски како што тоа му се случи на поранешниот  претседател на државата Ѓорге Иванов кога му намигна претседателот Барак Обама и тоа на молитвениот појадок. Настан кој по своето значење и придобивки доби историски димензии на потсмев што остана во колективното паметење. Дури, овојпат може да се случи и нешто повеќе, па Трамп и Мицкоски да се ракуваат и да се сликаат за спомен и долго сеќавање.

Додека премиерот Мицкоски се подготвува за значајните средби што ќе ги има во Вашингтон би било многу подобро да најде начин да стаса и на средба со еден друг Доналд. Не онака од нога и куртоазно, на маргините од некој самит. Неопходна е добро подготвена средба со Доналд Туск, премиерот на Полска, која претседава со ЕУ не само за да дознае зошто ЕУ ги крена рацете од Македонија и повеќе не ја спомнува во плановите за проширување на Унијата, иако одговорот веќе е познат и загрижувачки, туку навистина да се најде решение Македонија да не остане целосно изолирана и заборавена. Една таква официјална посета на Полска,  доколку нашата дипломатија успее да ја обезбеди, може да биде многу покорисна од „Пинки го виде Тито“ во Америка, односно од намигнувањето на Трамп.

Историската грешка на ЕУ

Да се потсетиме за што станува збор и зошто е неопходна таква силна активност, дипломатска офанзива на Македонија во повеќе правци. Во октомври 2019 година кога целата држава очекуваше да почнат преговорите со ЕУ падна француското вето што предизвика шок, голем револт и разочарување во јавноста по направените отстапки со Преспанскиот договор и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Шокот од еден таков удар што предизвика политички земјотрес во државата и драматични последици најжестоко го осудија Доналд Туск, тогаш претседател на Европскиот совет и Жан Клод Јункер, претседател на Европската комисија. Одлуката да не почнат преговорите со Македонија и со Албанија двајцата ја нарекоа голема историска грешка на ЕУ.

Да, тоа беше навистина историска грешка и голема неправда која во Македонија предизвика силен бран на недоверба кон ЕУ. Дури, по цели три години уследи обидот да се исправи историската грешка  и да почнат преговорите со ЕУ, но со услов да се направат уставни промени и Бугарите да влезат во Уставот. Тоа во домашните политички примитивни и популистички битки предизвика пад на власта и нова изолација на Македонија. Историската грешка овојпат е префрлена од Европа на Македонија, самата да одлучи дали ќе ги прифати правилата на ЕУ. Додека сите соседи на Македонија од Западен Балкан се во преговори со ЕУ, освен Косово. Нашата самоблокада се претвори во херојство и патриотизам, национална гордост и достоинство. Сега новата власт испрати свое „вето“ барајќи гаранции дека ќе нема повеќе сопки во преговорите за членство ЕУ. По овој самоубиствен потег и покрај историската неправда изгледа во ЕУ на сите им олесна кога власта се одлучи самите да бидеме виновни. Премиерот Христијан Мицкоски „херојски“ изјави бирократите од Брисел да му јават кога ќе бидат подготвени да ги дадат потребните гаранции за непопречувани преговори.

Полскиот премиер Доналд Туск сега ни е неопходен за поддршка додека Полска претседава со Унијата да ја пружи сламката на која може Мицкоски да се фати за Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ заедно со Албанија, како гест за доисправање на историската грешка како што тој своевремено ја нарече одлуката на Европскиот совет да не почнат преговорите со Македонија и со Албанија. Наместо еден таков чекор нашиот премиер ја испрати историски арогантната порака да му јават кога ќе бидат подготвени во Брисел да ги дадат гаранциите за одложена примена на уставните измени без попречување на преговорите со нови вета. Од таму стаса повеќекратниот одговор со „жалење“ за по нашето бесмислено јуначење да прерасне во молк како Македонија да не постои. Повеќе не ја спомнуваат.

Членството во ЕУ не е обврска

Приоритети за проширување на ЕУ се Албанија, Украина, Молдавија, Црна Гора, Србија ако се усогласи со занкциите за Русија, а Македонија ја нема нигде. Но сепак има една суштинска порака без да нѐ именуваат која ни ја испрати влијателниот во Европа министер на Полска за надворешни работи Радослав Сикорски во која децидно вели: „Членството во ЕУ не е обврска, туку слободен избор на една земја и нејзините граѓани. Кога ќе се одлучите да ни се придружите мора да ги прифатите општите правила на ЕУ“. Што може на ова да се каже. Или ќе продолжиме да викаме и натаму на сет глас неправда, неправда… или  пат под нозете, па право во Варшава, Париз, Берлин, Љубљана, Брисел, Софија… и притоа ништо да не им е тешко на нашите власти да направат кога се во прашање остварување на  стратегиските  интереси на државата. Мора да бараат и да најдат излез како најбезболно да се ослободат од предизборните  ветувања и лаги, дека ќе ги поништат, или пак ќе направат подобри договори со соседите.

Изборот на мнозинството македонски граѓани сѐ уште е членството во ЕУ, иако расте негативната пропаганда против ЕУ и се намалува бројот на граѓаните кои ја гледаат иднината на Македонија во Европската унија. Премиерот Мицкоски и неговите министри во секоја прилика и јавен настап велат дека преговорите со ЕУ и членството во ЕУ се врвен приоритет. Ама само така велат, бидејќи ништо не прават тоа да се случи. Напротив, многу прават тоа да не се случи со својата политика – ем шуто, ем боде.

Кога ќе почнат да се чувствуваат потешките последици од изолацијата на Македонија и од приемот на соседите во ЕУ и кога ќе стасаат и нивните фактури како што стасаа грчката и бугарската, тогаш ќе нема никакво значење за тие што биле во право кога не прашувале колкава е цената на отстапките, туку колкава е цената на тоа што најмалку десетина години Македонија не е членка на ЕУ. Само наивните во политиката веруваат дека утре и Албанија, и Србија и Косово како членки на ЕУ нема да ни испратат побарувања за своите интереси во Македонија. Не знам дали нашиот премиер, професор по егзактни науки, вели дека добро знае математика, пресметал ако сега над сто илјади Македонци имаат бугарско државјанство, колку Албанци од Македонија ќе имаат албанско државјанство, Ако Албанија за две-три години, колку што се предвидува, стане членка на ЕУ, а, иако помалку веројатно, но е повеќе изгледно од Македонија за неколку години и Србија стане членка на ЕУ, тогаш  колку Македонци ќе имаат српско државјанство. Во тој случај Мицкоски може ќе дочека да биде премиер на пензионерскиот дом Македонија.


Текстот е личен став на авторот. Преземено од Независен
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ