• Latest

Ќе нè биде ли?

August 1, 2020

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ќе нè биде ли?

August 1, 2020 14:49
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Напишано пред 15 години. За тие кои не знаат дека сум пишувала уште пред да научат да читаат. Објавено во Дневник, 2007 година (кога постоеше и кога јас редовно објавував колумни).

Не го бев видела со години. Имав слушнато дека фатил некој бизнис и добро му оди, а во последно време почнува и политички да се ангажира. Ми беше мило да видам стар школски другар, а во ова пеколно време, понуден превоз до дома во разладена кола не се одбива.

Уште не бев ни седнала, а колата јурна напред со огромна брзина по скопските улици. Со напор успеав да го избалансирам вртењето на лево под прав агол и да го закопчам сигурносниот појас, кога дојде вообичаеното прашање: Ќе нè биде ли?

Никогаш не сум сигурна што треба да одговорам на ова прашање. Дали ќе постоиме како Македонци? Дали ќе ја изградиме како што треба државата? Дали ќе направиме нешто со себе како народ? Дали ќе влеземе во ЕУ? А, и не сум баш најсигурна кои сме тоа ние што треба да не биде: народ, позиција, опозиција…

За среќа овој пат, прашањето беше само реторичко, бидејќи другарот имаше многу јасна идеја за тоа дали ќе нè биде или не (на кого и да се однесуваше тоа). Со задоволство ми соопшти: Нема да нè биде. Ни 100 години не ни се доста да влеземе во ЕУ. Не сме ние за таму. Ни фалат ред и организација.

Во тој момент пројуривме на црвено светло успешно избегнувајќи го ударот на еден постар господин кој крајно невнимателно преоѓаше на пешачкиот премин обидувајќи се по секоја цена да дојде на другата страна од улицата. Понекогаш се прашувам од каде им е на луѓето толкава храброст и решеност да тргнат да преоѓаат преку улица.

Со овој и ваков народ не се гради држава, ми соопшти другарот, меѓу две пцовки што ги разменуваше со возачот на соседната кола на која претходно и го пресече патот. Изгледа доби впечаток дека возачот на другиот автомобил не посветува должно внимание на неговите зборови, па излезе од колата и му врза две едукативни шлаканици. Луѓето немаат базична култура, ми објасни откако ја заврши тирадата за менталните капацитети на соговорникот, интимниот живот на неговата мајка и неговата сексуална ориентација. Некултурни, себични, без домашно воспитание, потенцираше. Младиве генерации се уште полоши – немаат идеја што ќе прават во животот, не почитуваат базични вредности.

Во тој момент две бабички со неверојатна виртуозност го избегнаа ударот на неговата кола и отскокнаа на тротоарот, меѓутоа тој успеа малку да ја чалне третата која прилично неспретно се сплетка на бастунот.

Нема ред, никој не ги почитува законите, хаос! Човекот просто се зацрвени од внатрешниот праведен бес кој го обзеде на помислата на општеството во кое мора да живее. Не се знае кој јаде кој плаќа, а трпи народецов наш кутар. Ама кому му е гајле.

Потполно го игнориравме полицаецот кој смешно мавташе со рацете и покажуваше на неколку живописни знаци на кои имаше многу жолта, црвена и црна боја. Возачите кои доаѓаа од спротивна страна паѓаа во бесознание од свирење.

Како да ги научиме овие наши неписмени луѓе на ред? Во неговиот поглед полн со исчекување се читаше искрена желба да добие одговор на поставеното прашање. Од неопходноста да одговорам ме спаси ѕвонењето на неговиот мобилен телефон. Во наредните 5 минути му ги објасни на соговорникот на другата страна на линијата стратешките пропусти на Владата во надворешната политика, економијата и развојот на аграрот и ми напиша порака на лист хартија: Тапак, ништо не разбира.

Во меѓувреме успеавме да истуркаме од патот двајца велосипедисти на кои од крајно непознати причини им текнало да возат по улицата, а на една мајка и одржавме лекција дека не смее да го пушта детето да преминува само на пешачки премин кога е запалено зелено светло.

Ќе дојде ли еднаш нашето време? Длабоко воздивна другар ми. Ако нешто не поднесувам тоа е кога оние кои го држат воланот на државата во свои раце го злоупотребуваат против народот. Цело време повторувам дека секој од нас треба да си го преземе својот дел од одговорноста. Крајно време е да ги земеме работите во свои раце и да внесеме ред во ова безредие.

Мојот другар револтирано ја заобиколи наплатната рампа на паркингот и со заглушувачко чкрипење на гумите застана пред мојата куќа. Вродениот нагон за самоодржување ја спаси комшиската мачка која стоеше на тротоарот. Таа во последен момент успеа да го избегне десниот браник. Двата гулаби во близина не успеаја. Крајно внимателно го паркираше автомобилот на тревникот водејќи сметка со задниот дел потполно да ја блокира пешачката патека, и отиде на пет минути во кино. На разделба само депримирано одмавна со главата.

Сигурна сум дека другар ми далеку ќе дотурка во политиката (независно од тоа на која политичка партија на позиција или во опозиција припаѓа). На власта секогаш и се потребни луѓе со визија и цврсти принципи.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.
Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ