• Latest

Ќе се формира регистар на професионални он лајн медиуми

August 26, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ќе се формира регистар на професионални он лајн медиуми

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски рече дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка почнува процесот на препознавање на професионалните медиуми и таканаречените медиуми од страна на јавноста, кои имаат за цел да шират невистини и да дезинформираат.

August 26, 2019 15:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Формирање регистар на професионални он лајн медиуми со кој ќе и се посочи на јавноста кои медиуми ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, но и кои се тие кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум, најавија денеска од Здружението на новинарите на Македонија, Стопанската комора и Советот за етика во медиумите кои потпишаа Меморандум за соработка.

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски рече дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка почнува процесот на препознавање на професионалните медиуми и таканаречените медиуми од страна на јавноста, кои имаат за цел да шират невистини и да дезинформираат.

– Борбата со дезинформациите и неквалитетното новинарство мора да почне од нас, бидејќи доколку не го направиме тоа може да дојде до регулација на онлајн медиумите, а тоа претставува и ризик за ограничување на правото на слобода на изразување. Ваквиот вид евидентирање ќе и помогне и на бизнис заедницата за да знае во кои медиуми треба да се рекламира и огласува бидејќи и тие сакаат да го помогнат, а и имаат општествена одговорност за да го поддржат постоењето на квалитетните медиуми, посочи Чадиковски.

Појасни дека процесот на изработка на критериумите за регистарот на онлајн медиуми ќе биде инклузивен, а преку одржување консултативни средби со новинари и претставници на бизнис заедницата во Скопје, но и во поголемите градови во државата каде ЗНМ има регионални центри ќе се дојде до најквалитетните решенија.

– Во периодот кој следи сите наши членови и медиуми навремено ќе бидат информирани околу активностите што ќе бидат преземени, а исто така ќе бидат поканети активно да дадат свој придонес со цел зајакнување на медиумската саморегулација пред се во сферата на онлајн медиумите, додаде Чадиковски.

Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева Јовевска рече дека се надеваат дека регистарот на он лајн медиуми ќе биде основа на воспоставување на соработката бидејќи на тој начин платформата на пренесување на проблемите на компаниите би била унифицирана односно застапена како единствен проблем во моментот кој го има компанијата или одредена фела.

Претседателот на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите, Катерина Синадиновска рече дека дел од нивната мисија се однесува и на намалување на тужби кон новинари, следејќи ги препораките од Стразбур и европските добри практики.

– Нашата статистика од минатата година покажува дека во 77,7 проценти од случаите кога сме имале претставки до нас тоа се однесувало на текстови кои се надвор од професионалните стандарди токму во интернет порталите. Тоа не изненадува. Тој начин на информирање, тој начин на новинарство, што не можам ни да го наречам новинарство прави огромна штета на повеќе нивоа и ја урива и така кревката доверба на граѓаните и јавноста во медиумите, креира една недолична и примитивна атмосфера на јавен дискурс каде граѓанинот го губи своето основно право да биде информиран. Ваквото пишување се става во заштита на разни бизниси или политички центри на моќ и ја уништува онаа примарна цел на новинарството а тоа да биде слуга исклучуво на јавниот интерес, рече Синадиновска.

Додаде дека планираат да спроведат зајакнување на Советот за етика во медиумите како тело чии членки ќе бидат препознаени како професионални во јавноста, бизнис заедницата и во новинарската фела.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ