Ќе се отстрани железната ограда околу Владата со цел да се ослободи целосно јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење од страна на граѓаните, е одлучено на денешната редовна владина седница.
Ова беше едно од ветувањата на сегашната власт дека кога ќе дојдат на власт веднаш ќе ја отстранат железната ограда околу Владата.