• Latest

„Киднапираниот“ систем на ФЗО, отворен почесен конзулат на Украина во Прилеп, ЗНМ и ССНМ маршираа против нападите врз новинари

February 17, 2023

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

„Киднапираниот“ систем на ФЗО, отворен почесен конзулат на Украина во Прилеп, ЗНМ и ССНМ маршираа против нападите врз новинари

February 17, 2023 17:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

„Киднапиран“ системот на ФЗО: Што е „ransomware“ и дали државата треба да плати откуп?

Поради сајбер-нападот, веќе десетина дена е оневозможено нормалното функционирање на системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) па хартиените обрасци се вратени во функција, што предизвика страв и вознемиреност кај граѓаните и медицинскиот персонал. Велат дека имаат проблеми со боледувањето, породилното отсуство, а неизвесно е и кога здравствените работници ќе добијат плата,

Експертот за сајбер безбедност, Сенад Аруч во разговор за „Локално“ вели дека ваквите напади се многу голема проблематика во светот и потекнува од 2012 година, кога првпат беа видени јавно.

-На времето хакери беа повеќе определени кон кражба на кредитни картички, но е комплициран процес и помалку го прават, па се упатија кон „ransomware“. Пробиваат и ги заклучуваат податоците што ги имаат. Не ги вадат или крадат, туку само ги енкриптираат и со приватни клучеви и после ти бараат пари ако сакаш да ги добиеш податоците назад. Ви даваат 24 часа за плаќање и после тоа цената оди нагоре, вели Аруч.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Дерала: Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее!

„Хероизмот на Украина се гледа на секој чекор. Но тој хероизам и пожртвуваност не се наоѓаат само на фронтовите. Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее! Државата функционира. Во незамисливо тешки услови, се вршат секојдневни поправки, транспорт, снабдување, комуникации – за да се обезбедат основни услови за живот. Оттаму, денешниот настан, претставува уште еден доказ за нескршливиот дух на Украина, за тоа дека Државата живее и дека ќе биде силна, дека ќе се развива и ќе биде гордост на своите граѓанки и граѓани и на сите слободољубиви луѓе во светот“, изјави Џабир  Дерала по повод отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Денес во Прилеп се отвори почесниот конзулат на Украина. За почесен конзул е избран Сашо Наумоски, директор на Витаминка Прилеп. Избраниот почесен конзул Сашо Наумоски, директор на Витаминка Прилеп.

*

Американските сенатори поднесоа нацрт-резолуција за признавање на руската војна како геноцид

*

САД сметаат дека Крим е територија на Украина, трансформирана од Русија во огромна воена база и нема да биде противречна на одлуката на украинската страна да ги нападне руските воени инсталации на полуостровот, изјави американскиот државен потсекретар за политички прашања Викторија Нуланд.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: Република Косово слави 15 години независност, споменикот “Newborn” во Приштина со нова порака, кандидатот за претседател на Србија на почести во Преказ

ФЛЕШ ВЕСТИ

СОБРАНИЕ Пратениците денеска почнаа расправа за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити од Алтернатива, откако доцна синоќа заврши расправата за предлогот од Владата за разрешување на неговиот сопартиец Беким Сали. Гласањето по таа точка од дневниот ред ќе биде дополнително, бидејќи немаше доволен број пратеници во собраниската сала.

МЕДИУМИ Денеска се одржа протестен марш во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Новинарите бараат итно донесување на неопходните закони, кои се важни за нивните права и за работата на медиумите.

ЗДРАВСТВО Лекарската комора го поздраВИ носењето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и соодветно ќе се казнува.

ЗЕМЈОТРЕС Најмалку 43.844 луѓе загинаа во земјотресите во Туркије и Сирија.

ГЕРИЛА  На надвозникот кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје утрово се појави транспарент на кој пишува „Ќе си лежите“. Пораката доаѓа по синоќешната одлука на Евроспскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) предметите на СЈО за кои поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов даде, па ја повлече аболицијата, ќе продолжат пред домашните судови.

РЕГИОН Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 27 февруари во Брисел ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ