ВЕСТ НА ДЕНОТ
„Киднапиран“ системот на ФЗО: Што е „ransomware“ и дали државата треба да плати откуп?
Поради сајбер-нападот, веќе десетина дена е оневозможено нормалното функционирање на системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) па хартиените обрасци се вратени во функција, што предизвика страв и вознемиреност кај граѓаните и медицинскиот персонал. Велат дека имаат проблеми со боледувањето, породилното отсуство, а неизвесно е и кога здравствените работници ќе добијат плата,
Експертот за сајбер безбедност, Сенад Аруч во разговор за „Локално“ вели дека ваквите напади се многу голема проблематика во светот и потекнува од 2012 година, кога првпат беа видени јавно.
-На времето хакери беа повеќе определени кон кражба на кредитни картички, но е комплициран процес и помалку го прават, па се упатија кон „ransomware“. Пробиваат и ги заклучуваат податоците што ги имаат. Не ги вадат или крадат, туку само ги енкриптираат и со приватни клучеви и после ти бараат пари ако сакаш да ги добиеш податоците назад. Ви даваат 24 часа за плаќање и после тоа цената оди нагоре, вели Аруч.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Дерала: Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее!
„Хероизмот на Украина се гледа на секој чекор. Но тој хероизам и пожртвуваност не се наоѓаат само на фронтовите. Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее! Државата функционира. Во незамисливо тешки услови, се вршат секојдневни поправки, транспорт, снабдување, комуникации – за да се обезбедат основни услови за живот. Оттаму, денешниот настан, претставува уште еден доказ за нескршливиот дух на Украина, за тоа дека Државата живее и дека ќе биде силна, дека ќе се развива и ќе биде гордост на своите граѓанки и граѓани и на сите слободољубиви луѓе во светот“, изјави Џабир Дерала по повод отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Денес во Прилеп се отвори почесниот конзулат на Украина. За почесен конзул е избран Сашо Наумоски, директор на Витаминка Прилеп. Избраниот почесен конзул Сашо Наумоски, директор на Витаминка Прилеп.
*
Американските сенатори поднесоа нацрт-резолуција за признавање на руската војна како геноцид
*
САД сметаат дека Крим е територија на Украина, трансформирана од Русија во огромна воена база и нема да биде противречна на одлуката на украинската страна да ги нападне руските воени инсталации на полуостровот, изјави американскиот државен потсекретар за политички прашања Викторија Нуланд.
AL-PRESS
Редакциски избор од албански медиуми: Република Косово слави 15 години независност, споменикот “Newborn” во Приштина со нова порака, кандидатот за претседател на Србија на почести во Преказ
ФЛЕШ ВЕСТИ
СОБРАНИЕ Пратениците денеска почнаа расправа за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити од Алтернатива, откако доцна синоќа заврши расправата за предлогот од Владата за разрешување на неговиот сопартиец Беким Сали. Гласањето по таа точка од дневниот ред ќе биде дополнително, бидејќи немаше доволен број пратеници во собраниската сала.
МЕДИУМИ Денеска се одржа протестен марш во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Новинарите бараат итно донесување на неопходните закони, кои се важни за нивните права и за работата на медиумите.
ЗДРАВСТВО Лекарската комора го поздраВИ носењето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и соодветно ќе се казнува.
ЗЕМЈОТРЕС Најмалку 43.844 луѓе загинаа во земјотресите во Туркије и Сирија.
ГЕРИЛА На надвозникот кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје утрово се појави транспарент на кој пишува „Ќе си лежите“. Пораката доаѓа по синоќешната одлука на Евроспскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) предметите на СЈО за кои поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов даде, па ја повлече аболицијата, ќе продолжат пред домашните судови.
РЕГИОН Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 27 февруари во Брисел ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Б. Јордановска