Илхан Кјучук, пратеник во европскиот Парламент зборуваше на меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, во организација на СДА Македонија.
Кјучук потсети дека Европскиот парламент во 2009 година го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на жртвите од Сребреница, нагласувајќи дека овој масакр не е само трагична епизода од балканската историја, туку и тест за европските вредности.
Во својот говор, Кјучук подвлече дека не смее да се дозволи негирањето на геноцидот во ниту едно демократско општество и дека молкот и рамнодушноста водат кон нови ужаси. Тој повика на храброст и искреност во соочувањето со минатото и истакна дека само преку градење доверба, почит и заемно разбирање, Балканот може цврсто да чекори кон европската интеграција.
Б. Ј.