• Latest

Клековски, ФЗО, најавува: Од 16 септември функционална новата позитивна листа на лекови

September 4, 2024
Фото: Ryanair / Фејсбук

Нискобуџетниот „Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана, инвестиција од 300 милиони долари и повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 17, 2025
Фото: Фејсбук

Словачкиот премиер Роберт Фицо го пофали самитот Путин-Трамп, повторувајќи ја пропагандата на Кремљ

August 17, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Граѓаните од независните листи гневни, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ жалат за пропуштената шанса со Изборниот законик – направиле сé што било до нив

August 17, 2025
Семејствата на заложниците и антивладините демонстранти се собраа кај портата Бегин во Тел Авив, Фото:
DWS News

Демонстрантите во Израел бараат договор за заложниците во еден од најголемите антивладини протести од почетокот на конфликтот во Газа

August 17, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

Последици од самитот во Алјаска: Европа ги отфрла илузиите, цврсто стои зад Украина

August 17, 2025
Фото: Влада на РСМ

Зајкова: Работела без дозвола, а превезувала деца и туристи – кој ќе одговара за жичарницата на Водно?

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Firstpost

Повеќе од 200 лица се водат како исчезнати во област погодена од поплави во Пакистан

August 17, 2025
Фото: ЗХГ/Фејсбук

ЗХГ: Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот, кој е превисок

August 17, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено – шест активни, три изгаснати и еден под контрола

August 17, 2025
Фото: Скринчот од видео на Телеграм каналот exilenova_plus

Украински дронови извршија нов длабок удар на руска територија – погодена важна железничка раскрсница во регионот Воронеж

August 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Клековски, ФЗО, најавува: Од 16 септември функционална новата позитивна листа на лекови

September 4, 2024 14:20
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да дозволиме да страдаат здравствените услуги на граѓаните и најдоцна за 10-тина дена ќе го објавиме планот за санација на должничката криза во јавните здравствени установи. Можам да им гарантирам на граѓаните дека во критичните подрачја – квалитет на здравствени услуги и достапност на лекови нема да има проблеми, порача в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски и додаде дека очекува новата позитивна листа да биде функционална до 16 септември.

Нагласи дека мандатот во ФЗО му е антикорупциски, за подобрување и проширување на здравствените услуги и за подобрување на условите за работа.

-Првиот чекор за подобрување на здравствените услуги го направивме со позитивната листа која не беше обновена од 2014 година и само еден лек и беше додаден. Сега одобривме девет генерики кои можат да водат до 56 бренд лекови. Јавниот оглас е во тек, пријавени се Алкалоид, Крка, Белупо и други фирми како можни добавувачи. Очекуваме до 16 септември новите лекови да бидат достапни во системот и во аптеките и матичните доктори да можат да почнат да ги издаваат и да се користат, изјави Клековски по денешната средба со новинарите во ФЗО.

Порача дека во изминатите два месеци во ФЗО работеле на идентификација на сите проблеми и оствариле комуникација со сите чинители – Здружение на пациенти, Здружение на болници, синдикати,… и дека се во завршна фаза на планирањето за натамошниот период.

-Многу брзо ќе информираме што планираме до крајот на годинава и што планираме во 2025 и во 2026 година, бидејќи дел од проблемите ќе мора да се решаваат на подолги стази. Приоритет е Онкологија каде мора да има подобри здравствени услуги за болните и мора да се растовари. Тоа не значи веднаш ставање во функција на сите регионалните центри, но некои од нив многу брзо ќе бидат ставени во функција. Растоварувањето може да биде и на други начини и работиме тој дел да биде обезбеден, рече Клековски.

Прецизира дека според состојбата на 3 јуни долгот на јавно здравствените установи изнесува пет милијарди денари и е зголемен за една милијарда денари во првите шест месеци од годинава.

-Најголеми должници се универзитетските клиники за Радиологија и онкологија, Торакална и васкуларна хирургија, Гинекологија, а има и неколку болници надвор од Скопје како Прилеп и Охрид. Долговите се настанати заради несоодветно планирање и буџетирање, посочи Клековски.

Нагласи дека иако во јавноста се тврди дека во буџетот имало доволно пари, тоа, како што рече, не е точно.

-Дел од долгот не е настанат затоа што несоодветно се финансирани потребите на соодветните клиники. Онкологија е еден од примерите каде не биле буџетирани доволно средства ни за програмата што им е одобрена за работа, а дел од долгот е заради по мое разбирање – дозволен хаос во финансиското  работење на јавните здравствени установи со отсуство на контрола на платите и со отсуство на контрола на материјалното работење и залихите, прецизира Клековски.

Посочи дека има повеќе примери каде се делеле незаработени плати дали преку зголемување на основните плати или преку дежурства и други форми.

-Има затекнати состојби за нејасно работење со набавки и управување со залихи. Системот во Фондот за здравство функционира, а софтверските системи во ФЗО се едни од најдобрите во земјава и навремено собираме информации за состојбата во здравството и во основа навреме алармиравме. Правиме тримесечни пресеци и ја следиме состојбата за секој поединечно и реагираме таму каде што можеме да реагираме. Ја информиравме Владата за состојбата со долговите и работиме на ребаланс за да обезбедиме дополнителни средства за функционирање на сите подрачја од јавен интерес, потенцира Клековски.

Според него, бидејќи состојбата ескалира мора да се анализира кои се генераторите на состојбите, зошто, како што вели, само покривање на долгови не води кон никаде. Потсети дека во 2007 година се стартуваше со нула долгови, бидејќи тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ги плати сите долгови во здравството.

Прашан од каде ќе најде пари Онкологија до крајот на годинава ако до јуни го потрошила цел буџет за 2024 година, Клековски рече дека ФЗО работи на обезбедување на дополнителни средства.

-Веднаш по објавувањето на новиот директор на Онкологија почнавме разговори зашто се случило да нема лекови и кои се приоритетните подрачја да ги обезбедиме потребните средства за набавки на лекови и за намалување на долгот, бидејќи Онкологија должи околу 650 милиони денари или 10 милиони евра. Таму не е доволно само да обезбедиме пари за до крај на годината, мора да направиме санација на постојниот долг, посочи Клековски.

Како пример за другите недоследности кои ги затекнале, Клековски ја посочи Струмичката болница од 6.000 квадратни метри делумно опремена и една од најсовремените болници во земјава со малку кревети во соба и соби адаптирани за тешки пациенти и за лица со посебни потреби за која се неопходни 1,5 милиони евра за да се пушти во работа, а веќе три години не се презема ништо. Болницата не се пушта во работа, како што рече, и заради тоа што со трафостаницата е споена со несоодветен кабел поради што ЕВН Македонија одбива да го прими во употреба и да ја поврзе болницата на енергетската мрежа.

-Таму три години е „статус кво“ и ништо не се решава. Имаме случаи на крајна неодговорност. Во Штип, пак, имаме акцелератор од два милиони евра кој 10 години стои надвор од употреба, а Клиничката болница нема функционирачка магнетна резонанца, јасноскоп и колоноскоп кои би биле основни потреби за некоја болница да се нарече клиничка универзитетска болница. Има центар за гангрена формално одлучен да биде во Кочани, но не функционира. Моментално четири клиники вклучувајќи ги „8 Септември“, Пластика и Торакална ги згрижуваат овие пациенти кои се високо инфективни и претставуваа ризик. Ова го допира и Министерство за здравство, но го допира и работењето на ФЗО, бидејќи ние мораме да обезбедиме квалитетни услуги таму и затоа не интересира во какви услови се одвиваат работите, прецизира Клековски.

Фото: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ