• Latest

Клинчаревски: Најголем проблем на Шуто Оризари е интегрираниот и кабаст отпад

August 22, 2022

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Клинчаревски: Најголем проблем на Шуто Оризари е интегрираниот и кабаст отпад

August 22, 2022 14:29
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Најголем проблем е интегрираниот отпад. Исто така и кабастиот отпад. На пример, има акција од Општината да се собере, со локација, известени се станарите, а камионите си одат празни. Наредниот ден на истото место се фрла тој отпад и ние како општина мора да го собереме. Имавме предлог до Град Скопје, кабастиот отпад да се собира двапати месечно. Од друга страна ние немаме средства и камиони да го носиме тој отпад во Дризла. Меѓутоа град Скопје и комунална хигиена имаат еден, два камиона и еден багер. Колку пати сме  барале да го донесат тој багер да расчистиме, тие велат задолжени се само за комунален отпад. Ние сме приморани некогаш тоа сами да го правиме и да одвојуваме средства за да ја расчистиме таа депонија#, изјави Георги Клинчаревски, раководител на Одделение за урбанизам, животна средина и комунални дејности на панелот на Зелен ЦИВИЛ на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“

„Еколошката свест на населението е на ниско ниво. На нив им е полесно да најдат некој малолетник. Кантите со отпад, да ги фрлат во кола со коњи и тоа дете ги носи некаде. Малолетник, а според Законот за малолетници ние не смееме да интервенираме. Треба да има старател, не можеме него да го казниме. Исто и полицијата.  Има и такви случаи кои ние не можеме да ги решиме“, додаде Клинчаревски.

Клиначервски зборуваше и за Брсјачка буна, улица во Шуто Оризари, каде до неодамна граѓаните живееја во екстремно лоши услови.

„Состојбата во Брсјачка буна е на пат да се подобри многу е подобрена. Таа и уште две други улици се најдолгите во Шуто Оризари. Тоа е густо населена улица која немаше фекална канализација, т.е. имаше стара со Ф200 која не можеше да собере и уште полошо беше кога врне дожд, од неа извираа фекалиите. Благодарение на Министерство за транспорт и врски и МЖСПП во дел од таа улица се направи фекална канализација Фи400. Уште 285 метри останаа таа канализација да се поврзе со селото Горно Оризари, кое имаше исто септички јами кои ја загадуваа природата. Во прва прилика кога ќе собереме средства ќе ја средиме  фекалната канализација. Исто така, немаше и атмосферска канализација, но со пренамена на средства наменети за аеродромот што требаше да се гради во Штип, ја направивме. Аплициравме и во Бирото за регионален развој за да ја завршиме целата реконструкција. Дел од отпадот во Брсјачка буна се собира секојдневно“, објасни Клинчаревски.

„Ако на Запад има три канти за селектирање на отпад, кај нас се рече дека секое домаќинства ќе има по две канти, а уште сме на една канта каде сиот отпад го фрламе.  Решението по мене би било, освен едукација на населението е да се направат регионалните центри за депонирање со потребната инфраструктура и тој соодветно да се рециклира“, рече Клиначревски.

Б. Јордановска

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети


Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ