• Latest

Клучни наоди од извештајот на ЕК за напредок на Северна Македонија во 2019

May 30, 2019

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Клучни наоди од извештајот на ЕК за напредок на Северна Македонија во 2019

May 30, 2019 10:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија продолжи да го одржува постојаното темпо на спроведување на реформите на ЕУ, a Владата презеде чекори за враќање на контролата и рамнотежата, како и за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, се вели во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2019 година. Во клучните наоди на извештајот што вчера го објави ЕК, Северна Македонија продлжи да дава конкретни резултати во клучните области идентификувани во Заклучоците на Советот, како што се судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.  Претседателските избори беа добро организирани и основните слободи беа почитувани, се вели во клучните наоди, овозможувајќи им на граѓаните да направат информиран избор меѓу кандидатите.

Позитивна оценка добија меѓуетничките заложби на Владата и нивната борба за зголемување на довербата меѓу заедниците. Исто така, позитивен впечаток оставило и граѓанското општество со својата конструктивна улога во поддршката на демократските процеси и носење на стратешки документи, кои даваат насоки за соработката меѓу владата и граѓанското општество.

„Северна Македонија е умерено подготвена со реформата на својата јавна администрација. Направен е добар напредок, особено со спроведувањето на стратегиската рамка за реформа на јавната администрација, подобрени јавни консултации и зголемена транспарентност во креирањето политики и во областа на развој и координирање на политиките. Беа преземени чекори за решавање на наводните политизирани состаноци. Меѓутоа, потребни се дополнителни напори за да се зголеми одговорноста на администрацијата и да се спречи нејзината политизација. Почитувањето на принципите на транспарентност, заслуги и правична застапеност останува од суштинско значење“, се вели во извештајот.

Што се однесува до борбата против корупцијата, во извештајот се вели дека Северна Македонија има одредено ниво на подготовка, а новиот закон за спречување на корупција е потранспарентен за разлика од претходните години. Сепак, ЕК останува загрижена  и покрај напорите на ДКСК со оглед дека корупцијата е распространета во многу области.

„Во борбата против организираниот криминал, земјата има одредено ниво на подготовка. Законодавната рамка е во голема мерка во согласност со европските стандарди и напорите за спроведување на стратегии против организираниот криминал и активно мерење на нивното влијание треба да продолжат. Постигнат е одреден напредок во исполнувањето на препораките од последните години за подобрување на резултатите, зајакнување на соработката во спроведување на законот и значително подобрување на оперативниот капацитет за борба против трговијата со луѓе. Понатамошен напредок беше постигнат на оперативно ниво преку подобрување на ефективноста на Националниот координативен центар за борба против организираниот криминал и учество во заеднички операции со земјите членки на ЕУ и соседните земји“, стои во извештајот.

Напредок има и во однос на заштита на основните човекови права особено во заштита од злосторство од омраза и дискриминација со измени на Кривичниот законик и донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Исто така, усвои амбициозна стратегија за деинституционализација и ги транскрибира своите цели за борба против насилството врз жените во акционен план за спроведување на Истанбулската конвенција. Сепак, замерките на ЕК остануваат кон полицијата сметајќи дека треба да се работи на употребата на алтернативни санкции и условна казна.

„Земјата, исто така, треба да направи дополнителни напори за доследно ширење и адресирање на препораките на европските и меѓународните тела за човекови права, особено во однос на третманот на задржаните лица, жените и лицата со посебни потреби“, стои во клучните наоди.

Во однос на економијата се смета дека Северна Македонија постигна одреден напредок и има добар степен на подготовка за развој на функционална пазарна економија, но составот на трошењето е влошен, а фискалната консолидација треба да биде поамбициозна за да ги стави јавните финансии на одржлив пат. ЕК оценува дека функционирањето на пазарот на трудот е нарушено со постојани структурни проблеми.

Во однос на законодавството се оценува дека земјата е умерено подготвена во повеќето области, вклучително и во областите на конкуренција, јавни набавки, транспорт и енергија, а покажува добро ниво на подготовка во областите како што се законот за трговски друштва, царинска унија, трансевропски мрежи и наука и истражување.

Како заклучок во клучните наоди наизвештајот на ЕК се оценува дека Северна Македонија продолжи да ја подобрува својата усогласеност со декларациите на ЕУ и одлуките на Советот за заедничка надворешна и безбедносна политика.

Б. Ј.

Share87Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ