• Latest

Кој ќе биде идниот вицепремиер за економија?

May 23, 2017

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Кој ќе биде идниот вицепремиер за економија?

May 23, 2017 14:50
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политички кадар или бизнисмен за вицепремер за економски прашања во новата влада? Овa е дилемaта, којашто предизвика многу турбуленции во јавноста. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев за ЦИВИЛ Медиа изјави дека сè уште не е конечна одлуката. „Наредните денови ќе одлучуваме за прашањето дали вицепремиерот ќе биде од редот на бизнис заедницата“, дециден е Заев.

А, дел од експертската јавност на ваквите предлози реагираше со став дека доколку бизнисмен ја извршува таа функција, ќе има конфликт на интереси, зашто во рамки на една политичка влада која што спроведува партиски програми, не би имало многу простор за економски експерти и за нивни решенија што доаѓаат од бизнис-ресорот.

Според СДСМ, нема конфликт на интереси, битно е како ќе се изменаџира.

„Ако имате предвид какви се решенијата што ги имавме опфатено во програмата ‘За живот во Македонија’, но и во програмата на идната Влада, а коишто обезбедуваат квалитетни законски решенија за подобрување на статусот на вработените, не може да стане збор дека може да има каков било конфликт на интереси“, оцени Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Доколку е така, тогаш добиваат легитимитет предлозите на трите стопански комори: Кочо Анѓушев од Стопанската комора на Македонија, Александар Зарков од Сојузот на стопански комори и Неби Хоџа од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Кочо Анѓушев

„Кога ќе има конечен избор, кој ќе биде идниот вицепремиер за економија, би можел во јавноста да ги презентирам моите видувања и програма за економски развој на државата. Сѐ што би кажал во моментов, би оставило впечаток, како да сме во кампања за избор“, изјави Анѓушев за ЦИВИЛ Медиа.

Неби Хоџа смета дека  од особено значење за бизнис заедницата е оваа позиција во идната влада да биде од редот на стопанските комори, коишто подоцна ќе постигнат компромис околу конечниот избор на идниот вицепремиер за економија.

Неби Хоџа

„Клучните работи што најпрвин би ги направил се – приоритетизирање на барањата на стопанството, како што се промени во некои закони и без нивни чести измени, поддршка на домашните компании рамноправно со странските и секако, вложување напор за враќање на ДДВ на фирмите во што пократок период. Што пократок рок на исплаќање, а не задолжувања меѓу фирми. Второ, зголемување на соработката на домашните со странските компании, т.е зголемување на билансот на обрт меѓу нив, преку поврзување во синџирот на набавка и трето, креирање на среднорочни и долгорочни развојни политики за Република Македонија“, изјави Хоџа.

Александар Зарков

Сојузот на стопански комори на Македонија, на својата веб страница соопштува дека на последната седница меѓу повеќето кандидати, како најдобар, со одлука го избра Александар Зарков. Тој во моментов е носител на функцијата извршен директор на ССК и ги исполнува сите истакнати критериуми за застапување на приватниот сектор како вицепремиер за економски прашања со повеќе годишно искуство во сите сектори.

„Новиот вицепремиер за економски прашања во Владата на Република Македонија, на предлог на стопанските комори, треба да делува во насока на креирање на стратегија за развој на приватниот сектор, зголемување на продуктивноста и на бројот на вработувањата во стопанството, како и подобрување на деловното опкружување и овозможување негов раст и развој“, посочуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Моника Талеска

Tags: sdsmАлександар Зарковбизнис ресорвицепремиер за економијаЗоран ЗаевКочо АнѓушевНеби ХоџаработнициСКЗМСКМССКстопански комори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ