• Latest

Коалиција „Маргини“: КСЗД утврди повеќекратно вознемирување во учебникот Социологија за трета година

December 28, 2021

24 ЧАСА: Шест европски организации со повик за одбрана на медиумските слободи; Зеленски – Безбедносните потреби на Украина го надминуваат корејското сценарио; Вучиќ ги обвини соседите за формирање воен сојуз против Србија

September 4, 2025

ЦИВИЛ е дел од европска иницијатива за одбрана на медиумските слободи и демократијата

September 4, 2025

ДИК: ОДИХР со 14 набљудувачи од утре почнува со следењето на Локалните избори 2025

September 4, 2025
Горан Стојанов, градоначалник на Неготино /  фото: Општина Неготино

Градоначалникот на Неготино пријавил заканувачки пораки

September 4, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за воведување на вештачка интелигенција во образованието?

September 4, 2025
Седиштето на НАТО во Брисел (фото: Џ. Д. / Цивил)

НАТО реагираше поради Додик: Секоја закана за сецесија е опасна

September 4, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ најави можна набавка на оружје од Кина и ги обвини соседите за формирање воен сојуз против Србија

September 4, 2025
Руски напад врз областа Донецк предизвика пожар, кој ја погоди цивилната инфраструктура на 4 септември 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Најмалку 15 убиени цивили, 26 повредени во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден

September 4, 2025

Зад затворените врати на АНБ: Декласификација или манипулација – кој се плаши вистината да излезе на виделина?

September 4, 2025
(од лево на десно) Дел од потписниците на Заедничката изјава: Мика Бојстер (Германска унија на новинари), Волфганг Ресман (Медија Дијалог) и Роџер Касале (Вестминстерска алијанса за Украина) на Економскиот форум во Полска, 3 септември 2025.

Слободата на медиумите под притисок: Европските организации алармираат

September 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Коалиција „Маргини“: КСЗД утврди повеќекратно вознемирување во учебникот Социологија за трета година

December 28, 2021 14:34
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалиција „Маргини“ соопшти дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) по однос на нивната претставка утврдила продолжено и повеќекратно вознемирување врз основа на род, сексуална ориентација, родов идентитет, социјално потекло и припадност на маргинализирана група во учебникот Социологија за трета година реформирано гимназиско образование.

Автори на учебникот се: Кеснофон Угриновски и Трајан Крстевски, а рецензенти Илија Ацевски, Момир Стаменковиќ и Зоран Петрушевски и Министерството за образование и наука кое донело решение со кое се одобрува употребата на учебникот.

Како што информира Коалиција „Маргини“, во Мислењето на КСЗД е наведено дека „учебникот како целина врши вознемирување кон ЛГБТИ-луѓето, сиромашните, сексуалните работници и самохраните мајки“.

– Комисијата утврди продолжено и повеќекратно вознемирување што е потежок облик на дискриминација, навдува „Маргини“.

Оттаму информираат дека Комисијата препорачала најдоцна шест месеци МОН да го повлече од употреба учебникот и во иднина да не одобрува употреба учебници со содржини што вознемируваат.

-Авторите најдоцна во рок од шест месеци да извршат ревизија на спорните делови од учебникот така  што ќе ги отстранат содржините со кои се врши вознемирување врз секоја од погоре наведените основи и рецензентите во иднина да не одобруваат употреба на учебници чијашто содржина врши вознемирување врз дадените основи согласно ЗСЗД и ратификуваните меѓународни договори, информира „Маргини“ за препораките на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во соопштението „Маргини“ посочува спорни делови од учебникот поради кои пријавиле во Комисијата: за самохраните мајки се зборува како за кориснички на социјална помош и беспомошни родители и за жените воопшто се зборува стереотипно и  се опишани како „послаб пол“. Учебникот ја афирмира и машката супермација бидејќи во него нема ниту една слика на која е претставена единствено жена.

Во поглавјето посветено на сиромаштијата, посочува „Маргини“, се изнесуваат застарени и одамна отфрлени теории за сиромаштијата, кои ги дехуманизираат сиромашните луѓе, генерираат омраза, предрасуди и неразбирање на нивните социјални проблеми.  Авторите ја прикажуваат сиромаштијата како нужност поради распределба на работни позиции, па според нив функцијата на сиромаштија е да обезбеди некој да ги работи „најнечесните и најопасните работи“.

Во учебникот сексуалната работа е изедначена со криминал, а сексуалните работници се ословени како „проститутки“. Ваквото нивно претставување, се наведува во соопштението на „Маргини“, е „вознемирувачко и ги афирмира стереотипите за сексуалните работници како криминалци, неморални и општествено непожелни, што претставува вознемирување врз основа на припадност на маргинализирана група и социјално потекло“.

Трансродовите лица се дефинирани како „ни мажи ни жени“, како „мажи заробени во женски тела“ или „жените кои се заробени во машки тела [и кои] ја прифатиле родовата улога определена за мажите, но се чувствуваат како жени“ што, наведува „Маргини“, е сосема погрешно сфаќање на трансродовото искуство.

-Во учебникот се истакнуваат повеќе неточни тврдења кои ги афирмираат стереотипите за трансродовоста и претставуваат вознемирување врз основа на родов идентитет. Генералниот впечаток е дека учебникот перпетуира хомофобија и трансфобија, а учениците од него се стекнуваат со погрешни информации за ЛГБТИ-луѓето, се вели, меѓу другото,  во Мислењето на КСЗД.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како што информира коалицијата „Маргини“, ќе го следи извршувањето на препораките и на Мислењето сè до нивно исполнување.

-Доколку субјектите не постапат по Мислењето, Комисијата има законска надлежност да поднесе Барање за покренување прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци, согласно Член 27, став 4 од ЗСЗД, се додава во соопштението на коалиција „Маргини“ која ја поднесе претставката за учебникот Социологија за трета година реформирано гимназиско образование./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ