• Latest

Коалиција Менуваме: Зголемување на висината на додатоците и почитување на сите права на лицата со попречености

July 26, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Коалиција Менуваме: Зголемување на висината на додатоците и почитување на сите права на лицата со попречености

July 26, 2022 13:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата Менуваме бара зголемување за 35 проценти на додатокот на попреченост кој во моментов изнесува 7.100 денари и за исто толку и посебниот детски додаток, кој сега изнесува 5.100 денари. На таков начин, велат, ќе се изврши усогласување согласно просечната нето-плата во државата. Од Коалицијата, меѓудругото бараат и да се направи регистар за лица со попреченост, а помагалата за деца и лица со оштетен вид-слепи да бидат ставени на товар на Фондот за здравство, пренесува МИА.

За оваа цел, како што велат од Коалицијата Менуваме, поддршка ќе побараат и од дипломатскиот кор во земјава, од Канцеларијата на УНИЦЕФ, како и од Делегацијата на ЕУ во Скопје, но и од други межународни организации кои се бават со почитување на правата на граѓаните.
-Ќе побараме поддршка и медијаторство за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно сите меѓународни конвенции и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост, се вели во соопштението од Коалицијата.
Земјава, се додава во него, ја има ратификувано конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост
-Комитетот при ОН за правата на лицата со попреченост по основ на имплементација  на член 28, став 45  посочува  со цел да се  гарантира соодветен животен  стандард на  лицата со попреченост, преку компензации во форма на паричен додаток кој би овозможил лицата со попреченост да можат да  ги покријат трошоците поврзани со попреченоста, државата да ги укине одредбите за лицата со попреченост кои според возраста ги квалификува да пристапат до социјални бенефиции, да алоцира одредени парични додатоци и надоместоци за децата и лицата со попреченост: да обезбеди итна  материјална помош за биолошките и згрижувачките семејства, како и препораките од член 19 став 32,  да усвои мерки преку кои ќе се осигура дека лицата со попреченост имаат законско право на доволен личен буџет за независно живеење, да ги земе во предвид дополнителните трошоци кои се однесуваат на попреченоста…Од овие причини, бараме зголемување на износот на сите додатоци по основ на попреченост, како и посебниот детски додаток, велат од Коалицијата Менуваме.
Истовремено, нагласуваат, треба да им се овозможи  да ги покријат трошоците кои се поврзани со попреченоста (вклучувајќи и не ограничувајќи се на лекови, суплементи, физикална терапија, сензорни соби, помошни помагала и слично, соодветно на состојбата и возраста на лицето), а и да можат активно да бидат вклучени во целокупниот општествен живот (што вклучува транспорт, влезници/котизации, финансиска можност за негување на интереси и хобија).
-Коалицијата Менуваме писмено ќе се обрати до Комитетот во Женева за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, делегацијата на ЕУ во земјата, Европската комисија во Брисел, дипломатскиот кор во земјата, ОБСЕ и до сите меѓународни организации кои се бават со човековите права во полето на лицата со попреченост. Не е дозволиво држава која претендира за влез во ЕУ да се однесува дискриминирачки и манипулативно кон децата и лицата со попреченост, велат од Коалицијата Менуваме.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ