• Latest

Кога големите се караат, малите се кријат под маса

January 31, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кога големите се караат, малите се кријат под маса

January 31, 2022 15:30
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ 

Во регионот на нашето опкружување реакциите на Украинската криза се движат од непоколебливата поддршка на НАТО и сојузниците во решавање на конфликтот и охрабрување на Украина да го заштити сопствениот суверенитет и територијалниот интегритет и право сама да одлучува со кого ќе влезе во безбедносните аранжмани, до дилемите дали и како да се остане приврзан кон Алијансата а истовремено да се заштитат и сопствените локални интереси. Дури, ако може и да се профитира од актуелната ситуација.

Бугарска политика

Бугарија не е расположена да испраќа свои војници во Украина, но во актуелната криза гледа можност за зајакнување на капацитетите и способности на сопствената армија.
Според премиерот Кирил Петков, во актуелните тензиите меѓу НАТО и Русија Бугарија треба да го заштити националниот интерес со целосно разбирање на ситуацијата и фазата на развој на бугарската армија. Тој на седницата на Совет за безбедност рече дека бугарската армијата низ годините е недоволно финансирана и „затоа ќе се приоритизира надоместокот за да се пополни тој вакуум “. Воедно го задолжи министерот за одбрана да достави нацрт-одобрување за националната позиција и мерките за зајакнување на безбедносниот систем на Бугарија, борбената способност на бугарската армија и нејзината техничка поддршка. Премиерот Кирил Петков по седница на Советот за безбедност изјавил: „Ќе се браниме со единици на бугарската војска Владата одлучи целосно да се потпре на бугарската армија во ситуацијата поврзана со тензиите на оската Русија-НАТО. „Нашата одбранбена стратегија ќе се заснова на бугарската армија. Ниту еден бугарски војник нема да учествува во каков било вид конфликт или операција на територијата на Украина или на друга земја, без одлуката да биде донесена во Народното собрание и нема да дозволи страни воени бази на своја територија ниту присуство на страни војници.
Според министерот за одбрана Стефан Јанев, Бугарија користејќи ја кризата, може да им овозможи на бугарските вооружени сили да се развиваат да зголемат капацитети и да се усовршат преку поголема обука и учество во вежби на НАТО. Министерот за одбрана Стефан Јанев ќе и предложи на Владата Бугарија единствено да се приклучи на заедничка вежба на НАТО со баталјон од не повеќе од 1.000  луѓе.

Хрватска на два колосека

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ со својата изјава околу актуелната криза на Украинската граница предизвика реакции и во Русија и во Украина и меѓу партнерите во НАТО.
„ Гледам дека НАТО ја зголемува својата активност во тој регион, испраќа некакви извиднички бродови, ние со тоа немаме ништо и  јас не знам ништо за тоа, а врховен сум командант на Хрватската војска. Можам да кажам дека Хрватска нема да учествува во активностите на Алијансата во Украина тоа ви гарантирам. Хрватска не само дека нема да испраќа своите војници него доколку дојде до ескалација Хрватска ќе се повлече до последниот војник.
Тој оценил и дека на Украина не и е место во НАТО и ја нарекол дека е корумпирана И дека треба да се прифатат руските безбедносни барања.
По оваа негова изјава уследи остра реакција на Украина. Украинското министерство за надворешни работи издаде соопштение пренесоа хрватските медиуми, дека  изјавите на Милановиќ ги навредуваат чувствата на Украинците. Хрватската амбасадорка во Украина Аница Џамиќ беше повикана во Украинското министерство за надворешни работи на разговор каде и е врачена протестна нота, по што хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и се извини на Украина поради оваа изјава и напоменал дека Хрватска е верен партнер на коалицијата на НАТО и ЕУ и дека ќе ги почитува своите обврски. Бурни реакции стигнаа и од Германија Хрватски медиуми пренесуваат реакции на Германија објавени во Франкфуртер Алгемаине Цајтунг кој предупредува дека претседателот на Хрватска не може сам да донесува такви одлуки и потсетува дека Хрватска не е војна велесила, за да дава такви изјави и такви политички сигнали кои во овој момент и во оваа ситуација и одговараат на Москва.
И Министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман изјавил дека хрватскиот претседател не зборувал во и ме на Хрватска него во свое лично име  и дека Хрватска е лојална членка на НАТО. „ Доколку би дошло до воен судир Хрватска би ставила на располагање на НАТО помеѓу 1000 и 1500 свои војници во состав на некои поголеми  национални состави  во источното крило на Алијансата.

Македонија ќе ја брани правдата

„Руското распоредување на воените потенцијали долж Украинската граница  е провокативен и дестабилизирачки чин кој ја загрозува безбедноста на европскиот континент„ изјави министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска. Северна Македонија во потполност го подржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Македонските институции со внимание го следат развој на настаните во Украина и на нејзините граници. Македонија оценува дека Руското распоредување на воените потенцијали е провокативен и дестабилизирачки чин кој ја загрозува безбедноста на Европа. Македонската војска ги анализира сите можности за евентуалното учество ако дојде до интервенција на НАТО.
Инаку ангажманот на војниците на Северна Македонија во вакви акции е дефиниран со Конвенција за учество во сојузничките сили под команда на НАТО сојузот во Европа и секоја членка  според потребите ги става на располагање своите војници и опрема. Одлуката ја донесуваат Влада и претседателот како врховен командант.
Русија нема упатено барање до Северна Македонија да се повлече од НАТО, како што е тоа побарано од Бугарија и Романија.
Радио Слободна Европа направи мала анкета меѓу земјите од Западен Балкан за да ги чуе нивните реакции на актуелната состојба околу Руско-Украинската граница.

Косово „до последен војник“ на страна на САД

Косовските безбедносни сили се комплетно ставени на располагање на силите на НАТО во случај на воена интервенција. „Безбедносните сили на Косово се спремни да бидат покрај Американските во секоја мисија каде е тоа потребно“, соопштија од министерството за одбрана на Косово. Поддршка на Украина и упати и државниот врв на Косово.

Албанија е со Украина

Илир Мета, претседателот на Албанија го подржува територијалниот интегритет на Украина и ги повикува сите страни да пронајдат дипломатско решение. „Воена агресија на Украина  недвосмислено е закана за европска безбедност и тешко кршење на меѓународното право објавил Мета на Фејсбук.

Босна – од тројца-двајца молчат

Како што објави Слободна Европа двата члена на претседателството на Босна и Херцеговина  Жељко Комшиќ и Милорад Додик молчат околу ситуацијата во Украина, а третиот, Шефик Џаферовиќ, ги подржува сите напори на меѓународната заедница да се заштити територијалниот интегритет на Украина.

Црна Гора со свои маки


Официјална Подгорица се нема јавно изјаснето иако е Црна Гора од 2017 година членка на НАТО. Оваа држава во моментот е  во политичка криза, и на молба на Радио Слободна Европа за изјава  немаат добиено одговор од претседателот на државата Мило Ѓукановиќ.  Црна Гора е во моментов во политичка криза и постои можност да падне владата на премиерот Здравко Кривокапиќ.

Србија е „неутрална“

Србија не е членка на НАТО, а со резолуција на Српскиот парламент од 2007 оваа држава се декларира како војно неутрална.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ