• Latest
Бранко Тричковски

Кога комити ќе ти влезат во селото!

January 10, 2025

24 ЧАСА: Советник во Кочани удри службеничка со шише по глава; Трамп му наложи на Путин прво да посредува – со Русија; израелска болница директно погодена од иранска ракета; ослободени осомничените за настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025

Унгарската полиција сепак ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

June 19, 2025
фото: скриншот Влада

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

June 19, 2025
Одавање почит во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани / фото: ЦИВИЛ Медиа

Обвинителите на средба зад затворени врати со родителите на починатите во „Пулс“ во Кочани

June 19, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Владејачкото мнозинство е комфорно, сите реформски закони не зависат од Бадентеровото мнозинство

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на штипската телевизија М-нет

(ВИДЕО) Инцидент во Општина Кочани: Советник со шише удри по глава службеничка

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Трамп се колеба за напад врз Иран поради сомневањето во успешноста на бомбата „разбивач на бункери“

June 19, 2025
фото Принтскрин Н1/рс

Ослободени од притвор сите осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ET NOW

Израелскиот министер за одбрана вели дека ајатолахот Хамнеи „веќе не треба да постои“ по нападот врз болницата

June 19, 2025

Ниту по 34-ти пат не успеа да се конституира косовското собрание

June 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Кога комити ќе ти влезат во селото!

January 10, 2025 18:36
in ОПШТЕСТВО, СТАВОВИ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

По сто денови самоќа, се спуштив во градот.

Ми се виде по грозен отколку што очекував.

Временската дистанца ми ги откри сите детали и нијанси покрај кои поминував без да ги забележам додека таму се шлаев секој ден.

Но, не се важни нијансите сами по себе, туку како целина која откриваат дека Скопје нема ништо градско.

А не е ниту паланка.

Не е ништо.

Можеби, бегалски камп од отворен тип.

Но, не бев тажен.

Дури си реков: Тричко, ти си за Скопје привилегија.

Моето станче на Аеродром, мојот музички систем, моите книги, моите аеродромски релации за шетање и места за кафе и проповеди на Фејсбук, се аристократски позиции во однос на кругот со пречник од неколку километри околу Триумфекалната капија.

Не е само до одвратната архитектурата  на Скопје 2014, со се идиотските споменици на идиоти во природна и натприродна димензија, хохштаплери, пијандури, убијци, шпиони, безначајности од најдолен ранг, калливите цуцулки по белите плоштадските плочки, грозоморната структура од коцкарници, бурекџилници, аптеки, фурни, искомбинирани со златари и дуќани за бижутерија, да, и кафулиња однесени од виорот на современото уредување, глупави палати за ништо, туку мирисот, општата атмосфера, луѓето од кои ако тројца турите на полните трибини на Австралија Опен во Мелбурн, за три секунди ќе погодам дека се Македонци и ќе ја освојам наградата од милион долари. Се разбира, нема да кажам како ќе ми успее да ги извлечам затоа што племенската тајна по која се познаваме, е само наша!

Го видов, сакам да речам, од блиску и од еден друг агол, пропаѓањето како единствен феномен, неповторлив, како нација, култура, држава, менталитет, личности.

Се е слепено во една маса, проста маса која не е добра за ништо: скапани патлиџани, прор’тени компири, мувлосани лебови, расипани јајца, кучиња скитници, се во двоножни формати, по чекорот им се познава дека љубопитството, надежта, страста и енергијата  им се утепани и дека немаат никакви планови за ништо.

Не се тажни или разочарани.

Немаат критериуми за тоа.

Човечките синапси  им се испокинати во битката за националните интереси.

Ми беше јасно: Така е кога ќе ги пуштиш комитите во селото.


Текстот е личен став на Авторот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ