Categories

ДЕБАТА Кој ги тркала Ромите?

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја организира панел дискусијата „Кој ги тркала Ромите?“, посветена на Ромите и нивните права, во среда, во ГЕМ клубот над Менада, со почеток од 13 часот.

Актуелните случувања во Урбан-паркот, најавите на Министерството за труд и социјална политика за изградба на прифатен центар во Визбегово, реакциите на граѓанките и граѓаните и воопшто, состојбата на човековите права на Ромите, се поттик за оваа панел дискусија на која се добродојдени сите заинтересирани и засегнати да придонесат со своите предлози, ставови и мислења.

На дебатата се поканети претставници од МТСП, претставници на собраниската работна група посветена на правата на Ромите, активисти, но и лица кои честопати се мета на најразлични предрасуди и осуди од општеството, истовремено заборавени од институциите и политичарите, посетувани единствено во време на предизборие. На панелот ќе говорат и претставниците на ЦИВИЛ.

Кој ги тркала Ромите сите овие години наназад? Што е со сите (празни) ветувања? До кога ќе започнуваме процеси на нивна интеграција во општеството на кои крајот не им се гледа? ЦИВИЛ ќе се обиде да добие барем дел од одговорите на овие прашања со претстојниот јавен настан, што е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“.

Print Friendly, PDF & Email