• Latest

Кој и зошто објави лажна вест за кражба на моторна пила од австриските пожарникари во Малешевијата?

August 11, 2021
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Кој и зошто објави лажна вест за кражба на моторна пила од австриските пожарникари во Малешевијата?

August 11, 2021 19:49
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Лажна вест дека на пожарникари од Австрија кои помагаат со гаснење на пожарите во Малешевијата им е украдена моторна пила, вчера почна вирално да се шири на социјалните мрежи и од портали. Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување, а и пожарникарите директно ја демантираа оваа лага. Извинување и дилеми за вистинитоста објавија и двајца корисници на Твитер и Фејсбук, коишто меѓу првите вчера ја објавија оваа лажна вест. Кој и зошто објавува и шири вакви невистини?

Првите „гласници“

Веројатно прв објавувач на лажната вест за украдена пила од австриските пожарникари е Твитер профилот „Канадиан којоте“.

„Значи, каква проклетија! Дојдоа луѓе  од Австрија, 1200 км да помагат да гасат пожари со апсолутно секаква механизација и на крај да дојдат овде и да им ја украдат моторната пила! Пи пи.ка ви матер проклета!“, пишува во Твитот објавен на 10 август 2021 во нешто пред 20 часот. Оваа објава има над 100 ретвита и преку 400 допаѓања.

Лажната вест се прошири бргу и стана вирална на социјалните мрежи, а ја преземаа и некои портали, како што е Булевар кој, пак, како извор го цитираат Фејсбук профилот со име Бојан Петровски. Според објавите на овој профил, се работи за член на новата граѓанска иницијатива „Приклучи се“.

Објавата веќе не може да се види на Фејсбук профилот на Петровски, ниту пак на нeговата Фејсбук страница. Наместо тоа, на неговиот профил на Фејсбук има извинување за погрешно пренесена вест.

„Дури и јас наседнав на непроверена информација многумина што рекоа дека е вистина во лавинава од вести, иако барав потврда за информацијата и беше потврдена дека е вистина а сепак не била. Пилата била загубена или зафрлена како што велат за време на пожарите. Дечки што биле таму велат дека не се случил инцидент. Важно пожарот е изгасен, опремата пронајдена,нема жртви. Се извинувам за грешката“, пишува Петровски на Фејсбук.

 

Ден подоцна – и официјални деманти, од ЦУК, ДЗС, пожарникари…

Откако привлече големо внимание, лажната вест беше денес демантирана од ДЗС.

„Дирекцијата за заштита и спасување ги демантира лажните вести и објавата на Бојан Петровски на неговиот Фејсбук профил за наводно украдена пила од австриските пожарникари“, се вели во демантот на ДЗС објавен на Фејсбук.

Демантираше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Тоа е вулгаризирање. Прочитав на Фејсбук дека недостасувала една моторна пила.Таа може да е било каде зафрлена и изгубена. Не заборавете дека се работеше за пожар, гореше оган на сите страни и не сакам ни да помислам дека некој украл моторна пила, која има вредност стотина евра“, изјави Ангелов на утринската прес конференција.

Демант пристигна и од самите пожарникари преку објава на Фејсбук.

„Нема украдено ништо!!! Ниту кај Австријците, ниту кај Словенците. Заедно сме на терен и дури станавме пријатели со многу од нив. Изгледа не сме расипан народ, како што сакате да не претставите“, пишува на Фејсбук пожарникарот Тони Димовски.

Кој и зошто шири вакви лажни вести?

Ако подобро се разгледа Твитер профилот„Канадиан којоте“, ќе се види дека се работи за сосем нов профил, отворен на Твитер пред неколку дена, на 5 август 2021. Тој почнува да постира по почетокот на пожарите во земјава, со изразито критички тон кон справувањето на институциите со пожарите. Веќе во 5-тиот твит, на 5 август, има 55 ретвитови, а во твитот под него дури 142 ретвита, што е прилично чудно за нов профил со 40-тина следачи, и повеќе укажува на оркестрирано споделување на постот од страна на пропагандистички центри познати по своите операции на социјалните мрежи.

Доколку ги разгледате ретвитувачите или споделувачите на оваа лажна вест, најголем дел од нив се исто така нови или лажни профили, или пак профили блиски до пропагандистички структури на ВМРО-ДПМНЕ и Левица на Твитер, кои честопати шират црна пропаганда кон политичките противници, како и лажни вести и дезинформации.

Инаку, денес, откако излезе демантот од пожарникарите и директорот на ЦУК, Ангелов, Твитер профилот „Канадиан којоте“ кој беше меѓу првите што ја објави лажната вест, исто така се огласи дека е подготвен да сноси одговорност доколку се работи за лажна вест.

„…Јас, Игор Пандурски, сум комплетно подготвен да ги сносам последиците од споделување на информацијата доколку се покаже дека  е лага, т.е. да платам казна, или донирам $5000 на лице или организација. Доколку е точна информацијата да им се извинме на Австријците“, пишува во постот на „Канадиан Којоте“.

Како да се заштитиме од напливот на лажни вести и дезинформации?

Во овие денови, кога има хиперинфлација на разни информации, особено на социјалните мрежи, навистина е тешко да се одреди што е вистина, а што не. Ситуацијата станува уште потешка, имајќи предвид дека многу медиуми и портали, наместо да ги проверат ваквите тврдења и да ја играат професионалната улога на „филтер“, во трка со времето и за повеќе кликови, честопати стануваат и самите, свесно или несвесно, ширачи на дезинформации.

Но, масовното ширење на лажни вести најчесто не се случува поради грешка на некои индивидуалци или лековерност на многумина други, туку најмногу поради оркестрираното ширење на социјалните мрежи од страна на центри на пропаганда блиски до одредени партии. Оваа „шема“ за создавање конфузија и недоверба меѓу граѓаните функционира повеќе години во нашата земја, и сериозно влијае и на јавната дебата, но и на размислувањата и постапките на граѓаните.

ЦИВИЛ повторно ги повикува сите засегнати – граѓаните да ги изострат сетилата и да ги проверуваат вестите пред да им поверуваат. Професионалните медиуми – наместо проширувачи на дезинформации, да станат филтер и борци во битката со дезинформации, преку кои се нарушува нивната економска егзистенција и влијание во јавноста. Политичките партии – да ја зауздаат оваа неконтролирана пропаганда која носи само штета за сите, а никому добро. Институциите – да дејствуваат против дезинформациите, со брзи реакции, поголема транспарентност, но и со барање на нови решенија за овој проблем во рамки на демократските правила.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

 


Creative Commons 4.0: преземањето е слободно, со атрибуција: линк до изворот и авторот.

Пријавете лажни вести и говор на омраза.
Кликнете на линкот: ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ