• Latest

Кој ќе биде најзаслужен за датумот за преговори со ЕУ

September 29, 2019
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кој ќе биде најзаслужен за датумот за преговори со ЕУ

Лобирајќи по европските метрополи, нашите политичари немаат време да прочитаат, но, и доколку прочитаат, прашање е дали ќе ја разберат пораката на францускиот претседател Макрон, кој и наложил на француската дипломатија „да поработи на вградувањето на Западен Балкан во географијата на Европа“, нагласувајќи при тоа дека при „конципирањето на европската стратегија треба да се имаат на ум границите на Европа!“

September 29, 2019 12:36
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Премиерот, вицепремиерот и евроинтегратор, министерот за по  надвор, воената министерка, но, и многу други високи македонски функционери не запираат со лобирањето за датум за преговори со ЕУ. Од една европска престолнина до друга, од еден авион на друг, од еден луксузен  хотел во друг, дома навраќаат само за да сменат долен веш! Во буџетот се уште има пари за вакви туристички патувања на нашите врвни политичари, кои ги убедуваат земјите-членки на ЕУ дека во нашата земја се е в ред, нема криминал ниту корупција, нема насилство, изборите се најрегуларни, правото функционира беспрекорно и дека РСМ ги исполнува условите за прием во ЕУ и НАТО!? Може да се очекува дека откако земјите членки на ЕУ ќе дадат согласност за почеток на преговорите ќе дојде до „тепачка“ околу тоа кој е најзаслужен за добивањето датум за преговори!

Лобирајќи по европските метрополи, нашите политичари немаат време да прочитаат, но, и доколку прочитаат, прашање е дали ќе ја разберат пораката на францускиот претседател Макрон, кој и наложил на француската дипломатија „да поработи на вградувањето на Западен Балкан во географијата на Европа“, нагласувајќи при тоа дека при „конципирањето на европската стратегија треба да се имаат на ум границите на Европа!“ (подетално за ова во написот „Макрон се токми за лидер на Европа“, објавен на ЦИВИЛ Медиа на 10 септември 2019 година).

Македонските политичари скокаат од радост откако  францускиот амбасадор во Скопје Тимоние оптимистички најави дека Макрон најверојатно ќе даде согласност Македонија и Албанија да добијат термин за  преговори со ЕУ!

Макрон е очигледно свесен за погрешните политики на ЕУ и САД кон Балканот и посебно кон Западен Балкан. По уривањето на Берлинскиот ѕид, Европа и САД кон балканските земји водеа политика на стабилократија, која водеше кон воспоставување на авторитарни режими и суспендирање на демократијата во овие земји! Не треба да се заборава дека Западот за фактори на мирот и стабилноста на балканскиот регион ги прогласи српскиот лидер С. Милошевиќ, потоа првиот македонски претседател К. Глигоров, но и некои други балкански лидери кои, благодарејќи на ваквата поддршка, воспоставија авторитарни режими и го реинкарнираа едноумието! Не треба да се заборава дека по фалсификуваните парламентарни и претседателски избори кои се одржаа во 1994 година, во македонскиот парламент, во периодот 1994-1998 година, не постоеше опозиција!

Во времето од клучно значење за Балканот, САД и Европа не само што немаа единствен став, ниту усогласена политика кон овој регион, туку дојде до силна манифестација на историските реминисценции на водечките западни земји кон пооделните балкански земји. Доколку западните земји не водеа селективна политика кон земјите од Балканот и доколку и ним им ги отвореа вратите за влез во ЕУ и НАТО, како што тоа го направија за земјите од централна и источна Европа, може да се претпостави дека ќе се спречеа немилите крвави војни на просторите на поранешната СФР Југославија!?

Впечаток е дека Макрон е целосно свесен за  грешките во политиките на Западот кон Балканот и дека ќе се заложи за соодветни ректификации во политиките кон балканските земји, а посебно кон земјите од Западен Балкан, кои се и натаму претежок товар не само за балканскиот регион, туку и за Европа!


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share50Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ