• Latest

Макрон се токми за лидер на Европа!

September 10, 2019

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Макрон се токми за лидер на Европа!

September 10, 2019 11:31
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

До неодамна францускиот претседател Емануел Макрон беше најголем противник на проширувањето на Европската Унија (ЕУ), со образложение дека ЕУ треба прво самата да се реформира, а потоа да се проширува. Сега изненадно побара од француската дипломатија да поработи на вградувањето на Западниот Балкан (ЗБ) во географијата на Европа, нагласувајќи дека при конципирањето на европската стратегија треба да се имаат на ум границите на Европа! Ваквиот став на Макрон беше подржан од шефицата на европската дипломатија на заминување Федерика Могерини, која на годишната конференција на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел нагласи: „Имаме јасен интерес да го воведеме цел Балкан во ЕУ.“ Тоа покажува дека ставовите на Макрон се прифатени како политика за иднината на Унијата и за обединувањето на Европа.

Мотивите за пресвртницата во политиката на Макрон треба да се бараат во турбулентните промени што се случуваат во ЕУ, во Европа и во светот, кои одат во прилог на Франција да се наметне како лидер на Европа! Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон најавува дека Велика Британија (ВБ) на 31 октомври оваа година ќе излезе од ЕУ со договор или без договор! Французите уште од времето на Шарл де Гол, поради амбивалентниот став на ВБ кон Европа, имаат резерви кон нејзиното членство во ЕУ. Историјата покажува дека ВБ постојано оптира меѓу Европа и САД, така што Французите на неа гледаат како на „неверен брачен партнер“! За време на неодмнешната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, премиерката на ВБ Тереза Меј изјави: „Eве сега ние (ВБ) ќе излеземе од ЕУ и заедно со вас (САД)  повторно ќе го предводиме светот!“ Најавата на моќната германска канцеларка А. Меркел дека ќе се повлече по завршетокот на нејзиниот канцеларски мандат, создава шанси на Макрон, по нејззиното заминување, да се наметне како нов лидер на ЕУ. Неуспесите што ги бележи на внатрешно-политички план („жолтите елеци“) Макрон сака да ги амортизира со успесите во надворешнта политика, односно со преземањето на лидерската улога во Европа! Со најавата дека не треба да им се препушти на „невропските сили, САД, Русија и Турција да дејствуваат и да одлучуваат место нас“, Макрон сака да се претстави како заштитник на Европа и како континуитет на политиката на големиот француски лидер Шарл де Гол! Значајно би било да се потенцира дека и Де Гол и Макрон игнорираат некои ноторни факти, како што се границите на Европа и  географскиот третман на Русија (порано Советскиот Сојуз) и Турција како неевропски земји! Вистина е дека претежен дел од териториите на Русија и Турција се наоѓаат на азискиот континент, но, и едната и другата земја имаат делови и на европскиот континент така што се тертираат и како европски земји! Архитектот на американската геополитика Збигњев Бжежински прв ја лансира идејата за Евроазија, која е официјализирана со формирњето на Департман за Евроазија во Стејт Департментот!

По уривањето на Берлинскиот ѕид (1989) се создадоа услови за обединувње на Европа, меѓутоа, се постави прашањето  каде се нејзините источни граници? Шарл де Гол се залагаше за Европа од Атлантикот до Урал. Поранешниот советски лидер Горбачов пак се залагаше за изградба на „Заеднички европски дом во кој би имало соба и за Советскиот Сојуз“. Тој се залагаше за обединета Европа која би се простирала од Лисабон до Владивосток.

Со апелот да се имаат на ум географијата и границите на Европа, Макрон го реактуелизира прашањето за источните граници на Европа, кое  беше поставено по уривањето на Берлинскиот ѕид. Прашањето за источните граници на Европа беше разгледано на  Меѓународната конференција која се одржа во Анкара во јануари 1991 година. На оваа конференција беше усвоен заклучок дека источните граници на Европа се наоѓаат на стабилните граници на Австро-унгарската монархија! Меѓутоа, познато е дека тешко би можело да се зборува за стабилни граници на оваа монархија, бидејќи тие биле мошне флуидни и како да не постоеле! Еминентниот српски архитект, интелектуалец и градоначалник на Белград, Богдан Богдановоќ, кој во времето на српскиот лидер С. Милошевиќ беше принуден да ја напушти Србија и отиде во Виена, каде што и почина, во едно интервју зборуваше и за Европа. На прашањето каква Европа посакува, Богдановиќ одговори: „Јас ја сакам Европа од 18-от век!“ А на прашањето зошто, одговори „затоа што во тогашна Европа не постоеле граници“!

Во повеќе наврати пишував дека главен проблем на Европа е тоа што нема државници со визија за иднината на континентот! По заминувањето на Шарл де Гол, Вили Брант, Бруно Крајски и Урхо Кеконен тешко може да се посочи европски лидер со визија за обединета Европа! До Првата светска војна во Европа доминираа австро-унгарската, отоманската и пруската, односно германската.империја. САД кои, во почетокот на 20-от век ја презедоа, од Велика Британија, лидерската улога во светот, по завршетокот на Првата светска војна се определија за изолационистичка политика, а во Европа се вратија при крајот на Втората светска војна. По оваа војна Америка се заложи за обединување на Западна Европа, а со „Маршаловиот план“, и финансиски ја помогна обновата на руинираните економии на западно-европските земји, со цел да бидат бастион против комунистичката опасност од Исток, поточно од Советскиот Сојуз!

Процесот на обединувањето на З. Европа започна со оснивањето на Заедницата за јаглен и челик од 6 западно-европски земји, која подоцна, со зголемување на бројот на земјите и со внесувањето на нови содржини, беше преименувана во Европска економска заедница (ЕЕЗ), која, пак со вградувањето на политички содржини прерасна во Европска Унија (ЕУ)!  ЕУ постојано се ширеше со приемот на нови членки, а најголемото проширување се случи во 2004 година кога во Унијата влегоа 10 нови членки, меѓу кои и неколку поранешни членки на Варшавскиот договор и на Советот за заемна економска помош (СЕВ). Сега во ЕУ членуват 28 земји, а по излегувањето на ВБ тој број ќе се намали на 27! Најновите изјави на Макрон и на Могерини создаваат оптимизам дека не само нашата држава, туку и останаатите држави од З. Балкан наскоро ќе добијат термин за преговори со ЕУ. Со приемот на земјите од Западен Балкан, ЕУ ќе го заокружи процесот на проширување и на тој начин ќе придонесе за консолидирање на состојбите во регионот и во Европа.

Залагањето на Макрон за суштински реформи на ЕУ не се нималку случајни. Пред околу две децении Унијата јавно декларира дека има амбиции да стане водечка економска сила во светот! Меѓутоа, во меѓувреме меѓународната позиција на Унијата не само што не е зајакната, туку е битно ослабена! Динамичниот економски развој на Кина придонесе во поглед на БДП оваа земја да се натпреварува со САД, а во поглед на извозот ја загрозува водечката улога на Германија! Доналд Трамп најавува дека САД не се подготвени и натаму да им гарантираат безбедност на земјите членки на ЕУ доколку не ги исполнуваат своите финансиски обврски кон НАТО! Безбедноста прераснува во се посериозно прашање со кое ќе се соочи Унијата! Макрон е свесен дека З. Балкан е „мек стомак“ на Европа и дека треба да се преземат мерки и активности за надминување на проблемите во регионот, како предуслов за неговото вградуавње во ЕУ, што ќе придонесе за консолидација на состојбите и во Европа!

Макрон е свесен дека ЕУ за да може и натаму да биде важен фактор во меѓународните односи, треба да пристапи кон длабоки реформи, инаку ќе се најде на периферијата на светската политика, со реални изгледи да се распадне! Доколку се најде на чело на ЕУ, Макрон ќе има мисионерска улога во трасирањето на иднината на Европа. Останува да се надеваме дека  успешно ќе ја изврши оваа улога!?

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ