• Latest
photo: Biljana Jordanovska

Кој ќе ги застапува правата на културните работници

January 21, 2019
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кој ќе ги застапува правата на културните работници

January 21, 2019 14:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
photo: Biljana Jordanovska

photo: Biljana Jordanovska

Share on FacebookShare on Twitter

По поднесено барање од Синдикатот на културата на Република Македонија со приложување на докази за исполнување на условите за стекнување на репрезентативност предвидени во Законот за работни односи, Комисијата за утврдување на репрезентативност утврдила дека СКРМ ги исполнува условите за утврдување на репрезентативност, врз основа на што Министерството за труд и социјална политика донесе решение за утврдување на репрезентативност на Синдикатот на културата на ниво на гранка, односно оддел ,,Библиотеки, архиви, музеи и останати културни дејности“ во временски период од три години од денот на донесувањето на решението.

Инаку, според закон, репрезентативен синдикат на ниво на гранка, односно оддел е синдикат кој е  запишан во регистарот кој го води министерството надлежно за работите од областа на трудот и во кој се зачленети најмалку 20% од бројот на вработени во гранката , односно одделот и кои плаќаат членарина.

На 26 декември 2018 Синдикатот за образование, наука и култура, СОНК упати отворено писмо до јавноста во кое беа поставени неколку прашања до Mинистерството за култура и СКРМ меѓу кои и прашањето за репрезентативноста на СКРМ.

СОНК реагираше и на Министерството за култура оценувајќи дека има селективен пристап кон синдикатите, односно во овој случај го фаворизира СКРМ, заборавајки на СОНК како Синдикат кој од секогаш се борел за правата на работниците во културата. СОНК во реакцијата ги оцени активностите на Министерството за култура и СКРМ како обид за девалвирање и потценување на синдикалната организација.

Решение за репрезентативност на СКРМ/ преземено од Фејсбук статус на Сања Арсовска

По долга борба  во која што многу пати од СКРМ алармираа дека се донесуваат закони на штета на работниците во културата и се опструира стекнувањето на репрезентативност на синдикатот конечно СКРМ добија решение за утврдена репрезентативност и најавија дека ова е само почеток на борбата за правата на работниците во културата, дека кога се во прашање работничките права не отстапуваат и не прават компромиси, а донесувањето на нов Закон за култура и потпишување на нов Колективен договор се нивен основен приоритет.

Останува отворено прашањето дали реакциите на СОНК се однесуваат само на ингеренциите во областа на културата, особено важно дали културните работници се соодветно застапени во СОНК како синдикат кој треба да се бори за правата на истите и да учествува во колективно договорање или во оваа синдикална организација доминираат работници од образование и наука?  Дали доколку е тоа случај и доколку нема соодветна застапеност на работници од областа на културата СОНК има способност соодветно да ги застапува работничките права и правилно да ги артикулира прашањата кои ги засегаат културните работници засебно од вработените и нивните права од работен однос во образованието и науката?

Согласно Законот за работни односи репрезентативноста на синдикалната организација се определува со решение за временски период од три години, од денот на донесувањето на решението. Во однос на тоа се наметнува и прашањето дали СОНК има решение за репрезентативност од 2016 година па наваму?

Сепак, Законот за работни односи вели дека кога на ниту еден синдикат не му е утврдена репрезентативност,односно не ги исполнува условите за утврдување на репрезентативност во поглед на процентот на членовите, право да учествуваат во склучување на колективниот договор има синдикатот со најголем број членови.

На крај останува само едно сигурно, дека како репрезентативен синдикат СКРМ официјално е социјален партнер на Министерство за култура за понатамошен социјален дијалог и колективно договарање.

Симона М. Живкова

 

 

Share41TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ