• Latest
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Кој сè ќе ги набљудува изборите?

April 15, 2019
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кој сè ќе ги набљудува изборите?

April 15, 2019 16:17
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Избори, 2017 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија ја објави финалната листа на домашни и странски набљудувачи што на 21 април и 5 мај будно ќе го следат гласањето и можностите за било какви изборни нерегуларности.

Акредитираните организации можеме да ги разгледуваме од повеќе аспекти – бројот од набљудувачи, репутација на здруженија или институциите, искуството во изборниот мониторинг и релевантноста на крајните резултати од нивното набљудување.

ЦИВИЛ-Центар за слобода ќе ги набљудува изборите со вкупно 160 набљудувачи.  Мониторинг тимот на ЦИВИЛ е постојано на терен, самата организација постојано добива извештаи за текот на изборниот процес, како од набљудувачите, така граѓанските новинарки и новинари, поддржувачите и самите граѓанки и граѓани за сите можни нерегуларности.

Што се однесува до останатите домашни организации што ќе ги мониторираат претседателските и предвремените локални избори во Охрид, Ново Село и Дебар, прва на листата е МОСТ, како специјализирана организација за следење на изборните процеси од 2002 година па наваму. Оваа година ќе учествуваат со 1940 набљудувачи.

Интересно е што Здружение за Афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје, ќе учествува со 583 набљудувачи. Инаку  со истото име се јавува здружение регистрирано во Струга, во 2009 година. Здружението прв пат се појавува за референдумот 2018 со 119 набљудувачи. Непознато е дали имаат некаков извештај од мониторингот на изборните процеси.

Здружение на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје, што најверојатно е формирано во 2017 година, ќе ги мониторира изборите со 329 набљудувачи. Ова здружение, на пример, во 2018 година од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање, добиле 350.000 денари за заштита на животната средина преку искористување и развивање на модели за социјално и претприемиштво кај образовниот и раководниот кадар на локално ниво.

Националниот ромски центар, на Референдумот 2018 имаа 46, а претседателските избори ќе ги набљудуваат со 20 набљудувачи. Здружените „Инклузива“ во мониторингот ќе учествува со 44 набљудувачи, а за гласачкото право на денот на гласање ќе се погрижи и Здружение на лица со посебни потреби „Заедно можеме“ од Гостивар, со 10 набљудувачи.

Овој пат Македонски центар за култура и развој ќе има 8 набљудувачи.

Интересен е списокот на меѓународните набљудувачки мисии. ОБСЕ/ОДИХР ќе учествува со 195 набљудувачи и 187 преведувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ, пак, ќе има двајца свои набљудувачи. Овие избори ќе ги набљудува и Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија со четири набљудувачи, како и унгарската младинска политичка организација „Фиделитас“ со шест набљудувачи. Инаку, оваа младинска организација е дел од најголемата конзервативна политичка партија во Унгарија „Фидес“ чиј лидер во најголемиот дел од нејзиното постоење, од 1988 година, е сегашниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан.

Вкупно 708 меѓународни  набљудувачи ќе ги мониторираат изборите, од кои 289 преведувачи и 419 набљудувачи.

ДИК акредитираше и вкупно 13 странски новинари, и тоа од новинската агенција Ruptly  ќе го следи изборниот процес еден новинар, од ОРФ – Австриска Радио Телевизија, 4 новинари, БНТ – Бугарска Национална Телевизија ќе учествува со 3 новинари и од Бугарска Национална Телевизија – ТВ НОВА ќе мониторираат 5  новинари.

Биљана Јордановска

Share24TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ