• Latest
ЦИВИЛ, активизам во зимски услови, на улица во Штип, 11 јануари 2016

Кој тоа „пере“ пари?

September 3, 2021
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој тоа „пере“ пари?

АНАЛИЗА: Ајде пак да го поставиме прашањето. Кој тоа пере пари?! Дали невладините организации или тие што таа дезинформација ја креираат и ја дистрибуираат во јавноста? Што (не) прават граѓанските организации? Зошто се толку атрактивна мета за центрите на моќта, разузнавачките, политичките и бизнис центрите на моќта? Колку милиони „тежи“ граѓанскиот сектор? Кој е ефектот од работата на граѓанските организации?

September 3, 2021 10:51
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ЦИВИЛ, активизам во зимски услови, на улица во Штип, 11 јануари 2016

ЦИВИЛ, активизам во зимски услови, на улица во Штип, 11 јануари 2016

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Граѓанското општество се залага за вредности. Тоа е исклучително важен инструмент во рацете на граѓанките и граѓаните, да ги артикулираат и одбранат своите права и слободи, своите потреби и интереси, да поставуваат барања и да учествуваат во креирањето на политиките и практиките на локално и национално ниво. Граѓанските организации и иницијативи се суштински важни за граѓанското учество во процесите на донесување на одлуките и нивното спроведување.

И ова не е само уште една тривијална констатација од учебниците и прирачниците, туку е реалност. Зависи од луѓето колку тие сакаат ова да биде само една обична фраза или реалност. Во тој контекст, дозволете ми да споделам неколку размислувања за тоа како функционира т.н. „невладин сектор“, што некои политичари го нарекуваат погрдно, иако сè што имаат во политиката му должат токму на граѓанското општество.

ГАРАНЦИЈА ЗА ПРИСТОЕН ЖИВОТ

Граѓанската едукација е исклучително важна и таа мора да биде бесплатна. Во ерата на дигитализација на сите аспекти на животот и во екот на хибридната војна што се одвива во светот, едуцирани граѓанки и граѓани се гаранција за пристоен живот. И не е претерано ако се каже дека самото граѓанско општество, со сите негови организирани и ад-хок облици, со сите слабости и добри страни, претставува гаранција за подобар живот на луѓето и прогрес на демократското општество. На некој начин, се работи за равенство: колку поразвиен граѓански сектор, толку подобар живот за луѓето.

Граѓанското општество има пресудна улога во едукацијата и креирањето на јавната свест. Тоа е неопходно и во градењето на политичката култура, заснована на почитување на човековите права и слободи, еднаквоста, владеењето на правото и демократијата.

Важно е да се разбере дека граѓанското општество е мотор, двигател на клучните процеси во едно општество. Тоа не се занимава со борба за власт, но секако може да биде фактор некој да дојде, остане или да замине од власта.

Саем на невладините организации, Цивика Мобилитас, Скопје, Градски парк, октомври 2020 година

ВЛАДА КОЈА ГО СЛУША ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

Влада која го слуша граѓанското општество е прогресивна и отворена влада. Само таква, отворена влада, може да биде пример за добро владеење. Се разбира, тоа не е единствениот критериум, но секако е исклучително важен.

Тоа може да се изрази и со ставот: Ние не ја слушаме владата, владата нѐ слуша нас. Тоа се однесува и на политичките партии и на другите структури на моќта и на центрите на влијание во општеството. Да се разбереме, тука зборуваме за вистински доследното и изворно граѓанско здружување, за тие другите, малку подолу во текстот.

Демократска е онаа влада што ги следи и реагира на повиците, оценките, пофалбите или критиките за нејзиното работење. Демократска е онаа влада која на мирни протести одговара со соопштение, пристојно полициско обезбедување, па и владина седница, а не со солзавец, тепање и апсење.

ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ

Граѓанските организации влијаат врз владините или општинските политики, тоа е нивна работа. Тие влијаат и врз компаниите и вршат притисок тие да се придржуваат кон принципите за општествена одговорност. На пример, да не загадуваат, да ги почитуваат работничките права, да ја почитуваат родовата еднаквост и да го вреднуваат трудот на жените и мажите на ист начин, да не вршат дискриминација по било која основа, да не експлоатираат деца итн.

Бројни се примерите за тоа како организациите и иницијативите на граѓанското општество придонесуваат кон подобрување на квалитетот на животот на луѓето во сите сфери што може да се замислат.

Тешко е да се наброи што сè прават граѓанските организации на дневно ниво. Нивните активности придонесуваат кон мир и помирување, почитување на различностите, еднаквиот пристап до правдата… Тие им помагаат на децата и младите, ги организираат жените, ги застапуваат ранливите категории… И тоа не е сè.

Тие се залагаат за зелени вредности, пишуваат закони, организираат петиции, повикуваат на протести… Граѓанските организации ѝ помагаат на земјата да ја подобри својата безбедност и стабилност, ги скицираат клучните реформи во земјата, се борат против оруженото насилство, го трасираат патот кон ЕУ, им помагаат на земјоделците, работниците, невработените… Се борат против насилство, црна пропаганда и дезинформации…

Листата овде ни оддалеку не завршува. И сето тоа се прави на дневна основа, многу често и по 10 и повеќе работни часови, во работни, но и во неработни денови.

Секако, тоа е различно од оние организации што ги формираат самите центри на моќта (владини, партиски, разузнавачки, бизнис итн.). За искусните, таквите се лесно препознатливи.

ЦИВИЛ, активизам, Куманово, јули 2021 година

НЕСОГЛЕДЛИВИ РАЗМЕРИ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Медиуми, јавност, активизам, застапување и лобирање, подготовки на закони, мониторинг, едукација, петиции и протести… Тоа се само дел од средствата (алатките) преку кои граѓанките и граѓаните организирани во граѓански организации и иницијативи можат да влијаат, па и да бидат пресуден фактор во креирањето на политиките и практиките на локално и национално ниво.

Практично, се работи за несогледливи размери на дејствување, ако се знае дека во земјата има повеќе од 6.500 граѓански организации. Замислете само за колку луѓе и колку работни часови се работи. Сите тие даваат секојдневен придонес кон развојот на општеството, на институциите и на земјата во целост.

ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО

Само финансиските средства кои се слеваат во организациите на граѓанското општество на годишно ниво ја докажува големината и значењето на организациите на граѓанското општество во земјава. Нивните буџети се значаен придонес и кон стопанството и кон намалувањето на невработеноста во земјата. Да не говориме за придонесот на организациите кои директно се борат против сиромаштијата и социјалната нееднаквост.

Граѓанскиот сектор во земјава троши, реално 50 до 70 милиони евра годишно, а кои ги добива од странски донатори. Податокот го сподели првиот човек на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Александар Кржаловски, кој на конференција на Цивил на 29 јуни 2021, кажа и дека „главниот стереотип е дека невладините се пералница на пари и за жал ние 20 години им објаснуваме: можете да нè обвините дека сме корумпирани, дека крадеме, ама не може за пералница на пари да нè обвинувате, бидејќи парите стигнуваат од легални извори во легални сметки“.

Александар Кржаловски, МЦМС, панел дискусија на ЦИВИЛ „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“, 29 јуни 2021

КОМУ МУ ОДГОВАРААТ ЛАГИТЕ?

Навистина, добро прашање е, како за 20 години опстојуваат тие стереотипи за граѓанските организации. Како тотална лага, нешто невозможно, може да се вкорени толку длабоко во главите на луѓето? Мора да е многу голем интересот на одредени структури на моќта тој и таквите предрасуди и стереотипи да се одржат.

„МЦМС 15 години нема исплата во кеш. Еве, на банерите на ЦИВИЛ ги гледаме кои се донаторите, може да се кликне на тие веб страници и да се види кои се донаторите, така што не може да бидеме пералница на пари. За жал, како невладини организации не успеавме да го срушиме овој стереотип“ – рече Кржаловски на споменатата конференција.

Ајде пак да го поставиме прашањето. Кој тоа пере пари?! Дали невладините организации или тие што таа дезинформација ја креираат и ја дистрибуираат во јавноста?

ПОДОБРИ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА

Но, да се вратиме на уште неколку позитивни аспекти на работата на граѓанските организации и иницијативи. Но не се само парите во прашање. Експертизата што ја поседува граѓанското општество е енормна, често подобра и од онаа на институциите на државата.

Голем број организации имаат институционална меморија, експертиза и искуство кои далеку ги надминуваат капацитетите и на најразвиените општини, па и на голем број институции на државно ниво. Не еднаш сме слушнале изјава на високи владини претставници дека одредено министерство или владата нема доволно ресурси да спроведе одреден процес и дека е потребна поддршката од граѓанскиот сектор.

Една таква изјава помнам од Дамјан Манчевски, поранешниот министер за администрација и информатичко општество, кој на еден настан во Брисел (3 октомври 2017 година) рече дека „граѓанското општество е значајно затоа што го пополнува недостатокот на владините институции“.

Дамјан Манчевски, МИОА, Брисел, 3 октомври 2017

И други високи владини функционери во своите изјави низ годините не го криеја фактот дека владата нема доволно ресурси да го изоди патот на интеграцијата во ЕУ и дека за тоа ќе биде потребна поддршката од граѓанското општество. Што може да биде поголем доказ за значењето и капацитетите на организациите на граѓанското општество?

Особено ако притоа имаме предвид дека организациите ја даваат својата поддршка и експертиза бесплатно, односно фондовите за развивање на капацитетите потребни за нашата држава доаѓаат од развиените демократии кои ја поддржуваат нашата земја од осамостојувањето до денес.

КИДНАПИРАЊЕ

Токму поради моќта на граѓанското општество и на медиумите, националистичките и антидемократските центри на моќта прават сѐ што можат за да ги изолираат дискредитираат прогресивните структури и да извршат влијание во јавноста и врз структурите кои донесуваат одлуки.

Паралелно со тоа, тие работат на создавање „сопствено граѓанско општество“ кое неретко користи ист или сличен јазик и имиџ како и прогресивниот дел од општеството, со намера да ги манипулираат луѓето и да придобијат што е можно повеќе приврзаници и поширока поддршка во јавноста и медиумите.

Тие го киднапираат граѓанското општество за да им послужи на нивните валкани цели.

„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

ДРУГАТА СТРАНА НА МЕДАЛОТ

Се разбира, не треба да ја заборавиме и другата страна на медалот. Најголем проблем на и со организациите на граѓанското општество е детачираноста (одвоеноста) на организациите на граѓанското општество од граѓанките и граѓаните, кои се нивните главни, ако не и единствени конституенти (ако ги исклучиме коморите и други слични облици на граѓанско здружување).

Како и во другите сектори (администрација, политички партии, бизнис итн.), така и во граѓанскиот сектор (најпознат како невладин или НВО сектор) се создаваат елити кои се одвоени од реалноста (не газат по земја) или стануваат клиенти на разни центри на моќта. Некои од самиот почеток, други, пак, со време се компромитираат од здивот на моќта и парите.

Дел од организациите се прокси структури за поддршка или пропаганда на политичките партии или други структури, меѓу кои и странски разузнавачки центри.

Долга е листата на манипулации и злоупотреби на граѓанското општество. Тоа што претставува и тоа што се случува во и со граѓанското општество сигурно заслужува многу сериозно внимание и истражување. Ова може да биде само воведна белешка во еден таков зафат. Кој не ме мрзи да го започнам. Па кому иде…

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ