• Latest
Дамјан Манчевски, МИОА, Брисел, 3 октомври 2017

Манчевски: Граѓанското општество го пополнува недостатокот на владините институции

October 3, 2017
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Манчевски: Граѓанското општество го пополнува недостатокот на владините институции

October 3, 2017 11:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Дамјан Манчевски, МИОА, Брисел, 3 октомври 2017

Дамјан Манчевски, МИОА, Брисел, 3 октомври 2017

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, при работната посета на Брисел, беше еден од говорниците на настанот организиран од Центар за европски политики, на тема: „Реформите во јавната администрација и проширување на Европската Унија – Перспективите на граѓанското општество на Балканот“.

„Новата влада е одлучна и отворена за вклучување на граѓанскиот сектор во креирање на политики. Отвораме јавни дискусии на сите позначајни теми и граѓанскиот сектор е клучен партнер во тој процес. Тоа е случај и со реформите во јавната администрација(РЈА). Една од најзначајните работи за Министерството за информатичко општество и администрација е финализирање на Стратегијата за реформи во јавната администрација. Ова се уште е голем предизвик со оглед на штетите направени од претходната влада и степенот на партизираност на јавната администрација“, истакна министерот Манчевски.

Министерот рече дека реформите во јавната администрација се прават единствено преку разговори со различни засегнати страни на кои се дискутираат различните сегменти од процесот на реформи.

Министерот Дамјан Манчевски, се осврна и на улогата на граѓанското општество во одлуките што ги носи владата. Како што посочи министерот, вклучувањето на граѓанското општество е значајно затоа што го пополнува недостатокот на владините институции во делот на истражувањата и анализите на состојбите. Тука, Владата и МИОА можат да им помогнат на граѓанските организации обезбедувајќи им пристап до потребните информации.

„На крај, сакам да потенцирам дека најважно е да постои отворен дијалог. Не сум одбил ниту една покана за средба со граѓанските организации, и планирам да продолжам да разговарам со нив за сите идеи, предлози и предизвици. Имаме долг пат пред нас за враќање на демократијата и соработката со граѓанскиот сектор е еден од клучните алатки за остварување на таа цел“, заклучи министерот.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ