• Latest

Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник?

January 10, 2019

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник?

January 10, 2019 08:09
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните коишто изминатата година имале приходи над еден милион денари, на располагање имаат само шест дена за да се информираат и да се пријават како ДДВ обврзници во Управата за јавни приходи. 

Оние граѓани кои имаат нејаснотии, односно не знаат дали влегуваат во категоријата ДДВ обврзници, за тоа ќе можат сами да се информираат преку Водичот подготвен од Финансии и граѓанската Цивитакс, кој веќе е поставен на веб страницата на УЈП.

Ќе имаат само шест дена да бидат начисто дали влегуваат во групата за даночење, бидејќи согласно законот, најдоцна до 15 јануари треба да се регистрираат во УЈП како ДДВ обврзници, што значи дека ќе треба да платат данок од 18 проценти.

Првично, Управата на крајот на декември до над 10 илјади граѓани побара да се регистрираат како ДДВ обврзници, но експресно го повлече барањето. Од Министерството за финансии велат дека со објавениот водич граѓаните сами ќе се информираат кои приходи влегуваат во пресметката за која треба да платат данок по што доброволно треба да се регистрираат.

„Ние побаравме со цел граѓаните да бидат подобро информирани да можат да видат во детали многу подобро изработено во Закон, но пак почитувајќи се што е постојно законско решение, УЈП да побара увид во документи. Сега секој граѓанин ќе може покрај законот да има многу подобра информација ќе може да има увид“, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

На барање на невладините организациии како што информираше министерот ќе има и законски измени. Со нив од обврска за плаќање на данок ќе бидат исклучени невладините организации и професорите кои остваруваат приходи од менторство, но и од издавање на научни публикации. Исклучена ќе биде и научната дејност.

„Во постојниот закон наведено е образованието дека е ослободено, но невладиниот сектор посебно бараше да биде има допрецизирање за одредени видови на менторирање. На пример, менторства на магистерски и докторски да бидат јасно наведени дека се дел од тоа осободување“, додава Тевдовски.

Според Законот во вкупниот промет за регистрација за целите на ДДВ влегуваат приходите остварени врз основа на вршење стопанска дејност, како што се дејностите на вештаци и стечајни управници, приходи од земјоделска дејност, приходите остварени врз основа на договор на дело, приходите остварени од издавање под закуп на деловен простор, приходите остварени од авторски договори и права од индустриска сопственост, приходите по основ на членување во надзорен одбор и слично.

Приходите остварени од изнајмување на станови за домување како и за ИТ услуги во странство не влегуваат во регистрација за ДДВ обврзник. Граѓаните кои што оствариле приходи над еден милион денари по овој основ заклучно со 15 јануари треба да се регистрираат во УЈП како даночни обврзници.

М. Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ