• Latest
Фото: wikimedia commons

Која е Сторми Даниелс, ѕвездата од филмовите за возрасни која му смести обвинение на Доналд Трамп

April 2, 2023

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Која е Сторми Даниелс, ѕвездата од филмовите за возрасни која му смести обвинение на Доналд Трамп

April 2, 2023 17:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: wikimedia commons

Фото: wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Сторми Даниелс е актерка од филмови за возрасни која стана позната за пошироката јавност во САД и ширум светот откако поранешниот претседател на САД,  Доналд Трамп беше обвинет во четвртокот во Њујорк по кривични пријави кои произлегуваат од наводните пари платени на  Даниелс  за нејзиното молчење за да се избегне скандал пред изборите во САД во 2016 година.

Даниелс стана позната по изјавата дека имала интимна средба со Трамп во 2006 година, откако тој веќе бил женет со третата сопруга Меланија и повеќе од една деценија пред бизнисменот кој стана политичар ( во тоа време познат по популарното телевизиско реално шоу) да стане претседател. Трамп ја негираше врската и рече дека исплатата била направена за да се запрат нејзините „лажни и изнудувачки обвинувања“.

Која е Сторми Даниелс, филмската ѕвезда за возрасни

Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, има 44 години и е добро позната личност повеќе од две децении во бизнисот со филмови за возрасни, настапувајќи и режирајќи бројни видеа.

Фото: wikimedia commons

Во нејзините мемоарите од 2018 година, таа објаснува дека била запоставена од семејството и сексуално злоставувана на девет години од постар маж, но, и покрај се, била добар ученик и имала страст за коњи.

За да заработи за живот, таа прво започнала да се бави со стриптиз, за потоа да прејде во индустријата за филмови за возрасни, каде што станува ѕвезда актерка, режисерка и сценарист, заработувајќи неколку награди.

Фото: wikimedia commons

Што изјави Даниелс за нејзината врска со Трамп

Даниелс изјави дека се запознала со Трамп во јули 2006 година на голф турнир на познати личности на езерото Тахо. Таа рече дека ја поканил на вечера и вечерале во неговиот хотелски апартман, каде што и покажал примерок од списание за голф со неговата слика на насловната страница, стои во написот на Ројтерс.

“Тој беше како,” Леле, ти – ти си посебна. Ме потсетуваш на мојата ќерка. Знаеш, тој беше како: „Ти си паметна и убава, и жена со која треба да се смета, а мене ми се допаѓаш. Ми се допаѓаш“, вели Даниелс и додава „И јас реков: „Некој треба да го земе тоа списание и да те плеска со него“, изјави Даниелс за програмата „60 минути“ на CBS во 2018 година.

„Значи, тој се сврте и малку ги спушти панталоните – знаеш дека носеше долна облека и нешто друго – и јас само му дадов неколку плескања“, нагласи Даниелс.

Таа рече дека Трамп ја прашувал за себе и дали би сакала да се појави во неговото ТВ шоу „Celebrity Apprentice“.

Даниелс додава дека во еден момент отишла во бањата, а кога се вратила Трамп „висел“ на работ од креветот.

„Сфатив точно во што се навлеков. И реков: „Уф, еве одиме“, изјави Даниелс за „60 минути“. „И едноставно се чувствував како можеби… ова се случува поради тоа што донесов лоша одлука затоа што отидов сама во нечија соба“.

Таа рече дека двајцата имале консензуален секс.

Даниелс тогаш имала 27 години, а Трамп 60.

Таа тврди дека тие продолжиле да го имаат она што „можеби бил најмалку импресивниот секс што некогаш го имала“.

Трамп негираше дека некогаш имале сексуални односи, обвинувајќи ја Даниелс за „изнуда“ и велејќи дека нејзините тврдења се „тотална измама“.

Она што со сигурност се знае е дека на Даниелс и биле исплатени  130.000 долари  “hush money” за да ја молчи за аферата, непосредно пред претседателските избори во 2016 година на кои Трамп се кандидираше како републикански кандидат.

Даниелс тврди дека Трамп и се јавил на телефон во текот на следната година и таа повторно се сретнала со него на негово барање во јули 2007 година во хотелот Беверли Хилс во Лос Анџелес за да разговара за нејзиното можно појавување на „Celebrity Apprentice“. Даниелс рече декаТрамп сакал повторно да има секс со неа во хотелот, но таа одбила. Трамп повторно и се јавил еден месец подоцна за да ѝ каже дека не успеал да ја резервира на „Славен приправник“.

Размена на навреди

Поддржувачите на Трамп рутински ја навредуваат Даниелс на социјалните мрежи, повторувајќи ги навредите на републиканскиот лидер кој неславно ја нарече Даниелс „коњско лице“, пренесува Ал Џезира.

Но, 44-годишната Даниелс – која некогаш  и самата си поигруваше со влегувањето во политиката не остана дочжна и во голема мера се справи со фокусот на навреди.

Оттогаш таа го исмева Трамп со свои груби називи, како што е „Tiny“( малечко парче) непријатна референца за неговата анатомија.

Даниелс, која сериозно размислуваше да се кандидира за место во американскиот Сенат за Луизијана во 2010 година, има ќерка, а минатата година се омажи за четвртиот сопруг, колегата порно актер Барет Блејд.

Договор за исплата за необјавување

На 28 октомври 2016 година, во последните денови пред претседателските избори на кои победи Трамп, Даниелс потпиша договор за необјавување во кој таа вети дека нема јавно да разговара за нејзината врска со него во замена за исплата од 130.000 долари, според документите поднесени во Федералниот суд во Лос Анџелес. Пактот беше потпишан од Кит Дејвидсон, нејзиниот адвокат во тоа време, и Мајкл Коен, тогашрн личен адвокат и фиксатор на Трамп. Документот вклучуваше место за потпис на Трамп, но тој никогаш не го потпиша.

Во 2018 година, откако „Волстрит журнал“ објави за исплатата на Даниелс, Коен јавно изјави дека и платил со свои пари и дека Трамп не бил упатен да го стори тоа. Даниелс ги тужеше Трамп и Коен барајќи да се поништи договорот.

Адвокатите на Трамп последователно признаа дека тој не го потпишал договорот за необјавување и нема да се обиде да го спроведе. Судијата ја отфрли нејзината тужба бидејќи работата беше решена.

Тужба за клевета

Даниелс поднесе тужба за клевета против Трамп во 2018 година пред федералниот суд поради објава на Твитер во која тој ја обвини за „измамничка работа“ откако таа опиша дека и се заканувале поради објавување на нејзината изјава за наводната сексуална афера со него. Федерален судија со седиште во Лос Анџелес во 2018 година одлучи дека забелешките на Трамп не се клеветнички и се заштитени со гаранцијата за слобода на говор со Првиот амандман на Уставот на САД. Одлуката на судијата беше потврдена по жалба и Врховниот суд на САД во 2021 година одби да го разгледа предметот.

Даниелс изјави дека непознат маж ѝ пришол на неа и на нејзината ќерка во 2011 година на паркинг во Лас Вегас и и се заканувал откако таа се согласила да зборува за нејзината врска со Трамп во интервју за медиумите,

Во 2018 година, таа објави скица на мажот, на што Трамп во одговор на Твитер напиша: „Скица години подоцна за непостоечки човек. Целосна измама, играње медиуми за лажни вести за будали (но тие тоа го знаат)!

Зошто Трамп беше обвинет?

На почетокот на оваа година, окружниот обвинител на Њујорк, Алвин Брег, формираше голема порота за да испита дали има доволно докази за да се покрене гонење против поранешниот претседател поради парите исплатени на  Даниелс, објави Би -Би – Си.

Големата порота се одржува зад затворени врати и формирана од обвинител за да утврди дали има доволно докази за да се покрене обвинението во случајот.

Во четвртокот, таа порота гласала за покренување кривични пријави, со што Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој се соочил со обвинение. Засега не се знае какви обвиненија ќе бидат покренати.

На неговата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп ја нарече истрагата политички лов на вештерки од „корумпиран, развратен и вооружен правосуден систем“

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Доналд ТрампобвинениеСторми Даниелсфилмови за возрасни
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ