• Latest

Која е Урсула фон дер Лејен, првата жена претседател на Европската комисија

July 18, 2019
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Која е Урсула фон дер Лејен, првата жена претседател на Европската комисија

July 18, 2019 13:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на Европскиот парламент во вторникот ја избраа Германката Урсула фон дер Лејен за нов претседател на Европската комисија – со што стана првата жена на чело на највисоката позиција во Европскиот парламент.

Урсла фон дер Лејен се чини дека ги испишува страниците на историјата кога станува збор за застапеноста на жените во високата политика во Европа. Во 2013 година таа станува првата жена министерка за одбрана на Германија, од којашто позиција доаѓа на чело на европскиот парламент.

Родена е на 8 октомври 1958 година во Брисел, со германско и американско потекло. Таткото на фон дер Лејен, Ернст Албрехт е еден од првите европски државни службеници, и во 1971 година станува, претседател на владата на Долна Саксонија и потоа генерален директор на Европската комисија.  Таа има една американска прабаба, главно од британско потекло, со повеќе далечни француски предци, и некои предци од она што се сега балтичките држави, како и од Империјална Русија. Семејството Албрехт се смета за едно од високите буржоаски семејства во  Кралството Хановер – држава која била во  заедница со Обединетото Кралство. Прадедото на Вон дер Лејен бил  Карл Абрехт, трговец со памук, оженет со  Марија Ладсон Робертсон (1883-1960), американка припадничка на  семејство на јужната аристократија од Чарлстон, Јужна Каролина. Нејзините американски предци играле значајна улога во британската колонизација на Америка и трговијата со робови на Атлантикот.

На 13-годишна возраст, фон дер Лејен со семејството се селат  од Брисел во Германија. Таа продолжува да студира економија на Лондонската школа за економија и подоцна медицина со специјализација по гинекологија во Хановер. Помеѓу 2001 и 2004 година таа извршува различни локални политички функции во регионот Хановер, а потоа беше избрана во државниот парламент на Долна Саксонија во 2003 година, пред да стане членка на кабинетот како министер за социјални работи, жени, семејни прашања и здравје. Во 1986 година стапува во брак со лекарот Хајко фон дер Лејен, член на семејството фон дер Лејен, кои свето богатство го стекнале со трговија со свила. Тој е професор по медицина и извршен директор на компанија за медицински инженеринг. Тие заедно имаат  седум деца, родени помеѓу 1987 и 1999 година.

Семејството фон дер Лејен се лутерански припадници на Евангелската црква на Германија.

Германскиот и францускиот се мајчини јазици на Урсула фон дер Лејен. Таа, исто така, зборува течно англиски, откако живееше во комбинација пет години во Обединетото Кралство и САД. Таа е страстна јавачка на коњи и е вклучена во коњички натпревари.

 

Фон дер Лејен активно се вклучува  во политика на возраст од 43 години и оттогаш е член на партијата на конзервативната Христијанска демократија (ЦДУ) на Меркел, и е нејзина блиска соработничка.

За време на нејзиниот мандат како министерка за одбрана на Германија, таа се соочи со обвинување на нејзиниот оддел за доделување сомнителни приватни договори поврзани со ангажирање две консултантски фирми, Меккинси и Акцентур, за коишто подоцна изјавува дека се направени неколку грешки во доделувањето договори и дека ќе се обиде да спречи повторно да се случи преку серија нови мерки.

Во 2014 година, фон дер Лејен воведе план од 100 милиони евра за да го направи Бундесверот попривлечен за регрутите, вклучително дневна грижа за деца на војниците и значителни зголемувања на надоместоци за вршители на потешките и покомплексни позиции.  По неуспешната истрага на официјалните претставници на Бундесверот на постојаните извештаи за бруталност во набљудувачките ритуали, сексуално понижување и малтретирање во воена обука, фон дер Лејен во 2107 го отпушта командантот за обука на армијата, генерал-мајор Валтер Шпиндлер.

На 2 јули 2019 година, Урсула фон дер Лејен беше предложена од Европскиот совет како кандидат за претседател на Европската комисија. Таа беше избрана за претседател од Европскиот парламент на 16 јули, со апсолутно мнозинство од 383-327. Фон дер Лејен  е првата жена на оваа функција и првиот претседател од Германија, од првиот претседател на Комисијата, Валтер Халштајн.

Д. Т.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ