Согласно изборниот законик 22 дена по завршување на вонредната состојба треба да имаме избори. За мене барањето за смена на Комисијата за заразни болести е чист политички популизам. Јас сериозно ја критикувам работата на владата, но кога се работи за здравствените работници неприфатливо е да се напаѓаат луѓето кои буквално ја ставија својата глава во торба и ги загрозија своите и животите на своите семејства, изјави за Утрински Брифинг првиот човек на ГДУ, Петар Колев.
Тој смета дека македонскиот здравствен систем успева да се справи со ситуацијата.
„Тоа не е успех на Владата туку стручност и знаење на здравствените работници“, вели Колев додавајќи дека бојкотот за избори кои ги најавува дел од опозицијата за него е неприфатлив, додека сосема друго прашање е дали ќе се води кампања или не.
Македонското општество мора да сфати една работа – ништо добро не води карањето и обвинувањето, вели Колев.
„Овде морам да кажам дека имаме 120 нови „рамковно вработени“ – 120 пратеници земаат плата а не одат на работа“, изјави за Утрински брифинг, лидерот на ГДУ, Петар Колев.