• Latest

Колку се заштитени пензионерите со мерката слободно движење од 05 до 11 часот?

April 6, 2020

(ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025) Гласовите на омразата што ја понижија демократијата: Сексизам, етнички поделби и национализам

November 23, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

Во Швајцарија почнуваат преговорите за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина

November 23, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Почеток на крајот

November 23, 2025

Самоубиствена самоизолација

November 23, 2025
фото: Принтскрин Фејсбук ЦУК

ИЈЗ со итни препораки за поплавените подрачја: Да се користи флаширана или превриена вода

November 23, 2025

Турција ќе биде домаќин на Самитот за климата КОП31

November 23, 2025

Украина до ОН: Русија ќе запре само ако биде запрена – економски, политички и воено

November 22, 2025

Г20 повикува на праведен, сеопфатен и траен мир во Судан, ДР Конго, Украина и палестинските територии

November 22, 2025
Фото: wikimedia commons

Украина и САД почнуваат консултации во Швајцарија за завршување на руската војна против Украина

November 22, 2025
фото: скриншот

Политико: Орбан ја блокира поддршката за Украина и го поддржува контроверзниот американски мировен план

November 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Колку се заштитени пензионерите со мерката слободно движење од 05 до 11 часот?

April 6, 2020 14:17
in КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

Една од најризичните категории воопшто подложни на инфекции, а особено на Ковид-19, се највозрасните граѓани, пензионерите. Деновиве се појавија многу фотографии со редици пензионери пред банките, како чекаат ред да си ги подигнат месечните пензии во утринските часови,  одреденото време кога тие можат да се движат надвор од своите домови,  според новите мерки за спречување и заштита од корона вирусот.

Имаше многу негативни, па дури и крајно непристојни коментари за редиците пензионери, коишто стоеја еден до друг во непосредно растојание, спротивно од препораките на МЗ и СЗО.

Факт е дека добар дел од пензионерите не се послушни кога станува збор за прекршување на нивните секојдневни навики, рутински активности и слободно движење во одреден временски период од денот. Но, факт е и дека многу од нив живеат сами, и немаат никаква помош  од страна.

Освен неколку доброволци, коишто по сопствена иницијатива се понудија да им помогнат на повозрасните во текот на кризнава состојба, во форма на потребни набавки, проверки и достапност во секое време доколку нешто им треба, од надлежните институции досега нема некоја видлива акција за логистичка помош кон оваа група граѓани. Не дека мерките се погрешни, тие се повеќе од потребни за да се воведе ред и да се заштитат на најдобар можен начин сите граѓани, а највеќе – најризичните. Но, дали е добро смислена сатницата? Дали со оваа сатница не се прави уште повеќе штета, бидејќи сите во исто време се на исто место, било да е пред банка, пред супермаркет или слично? Дали со оваа мерка ризикот е двосмерен? Кон највозрасните, и последователно, кон другите.

Оваа мерка го има истиот ефект како и популистичката мерка за јавен превоз, со која пензионерите веќе со години користат бесплатен јавен превоз во одредени денови од неделата. Очигледно, бидејќи пензионерите сѐ уште се најблагодарните гласачи. И во тие денови, најголемата гужва ја прават токму тие, во раните утрински часови, кога во јавниот превоз најбројни се учениците и граѓаните што користат јавен превоз до работните места. Нели ќе беше подобро пензионерите да имаат бесплатен превоз секој ден? На тој начин, нивното присуство во јавниот превоз  ќе биде разретчен, односно балансиран, бидејќи ќе им биде достапен секој ден во неделата.

Оваа промена во мерката би требало да се стави на дневен ред на некоја од седниците на Владата, во периодот откако ќе заврши вонредната состојба. Но, е тесно поврзана со сегашните мерки, со кои не само што не се заштитуваат пензионерите, туку и дополнително се загрозува нивното здравје. Би било добро да се продолжи за неколку часа наутро нивното слободно движење надвор од своите домови, за да може да се одбегне масовно собирање на едно место, а со тоа и да се одбегне дополнителниот ризик од  евентуална инфекција.

Ако не како на слободни, државотворни граѓани, тогаш како избирачка машина, пензионерите памтат кој им се нашол, повеќе од се.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на TVP World

    (ВИДЕО) Полскиот амбасадор во Русија нападнат од „агресивна група“ демонстранти во Санкт Петербург

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Пробив на Балканот за Украина: Србија во НАТО & Косовскиот модел во Донбас

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Арсовски: Судењето за трагедијата во Кочани може да стане уште поголемо и покомплицирано

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ