Комисијата за прашања на изборите и именувањето едногласно го донесе заклучокот за разрешувањето на Катица Јанева од првата позиција на СЈО.
Претседателот на комисијата, Илија Димовски, рече дека во седницата која се одржа зад затворени врати немало никаква дискусија, а за одлуката гласале сите членови од сите политички партии.
Сега одлуката се пренесува во пленарна седница, каде со дво третинско мнозинство и со бадентерово мнозинство треба да се донесе конечната одлука. Кога ќе се закаже седницата ќе одлучува претседателот на Собранието, Талат Џафери.
А. Зеќири