• Latest

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација присуството на бугарскиот конзул на увидот во Културниот центар во Битола го доживува како обид за влијание

August 5, 2022

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација присуството на бугарскиот конзул на увидот во Културниот центар во Битола го доживува како обид за влијание

August 5, 2022 13:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

 Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа, пренесува МИА.

Од КСЗД, информираат дека по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против Културниот центар „Иван Михајлов“, вчера беше извршен најавен увид во просториите на Центарот во Битола.

– При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР, се вели во соопштението од КСЗД.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението, е формирана и работи согласно законот за спречување и заштита од дискриминација и според одредбите содржани во Законот, Комисијата е самостоен и независен орган избран од Собранието на Република Северна Македонија и за својата работа одговара единствено пред оваа институција.

По извршениот увид во просториите на клубот, Весна Бендевска од КСЗД во изјава за медиумите рече дека тоа е сторено по претставка за дискриминација од граѓанско здружение, но не прецизираше за што се однесува претставката, потенцирајќи дека Комисијата нема да прејудицира наводи, туку ќе го објави мислењето откако ќе заврши постапката.

– Согласно наводите во претставката должни сме да ја сослушаме другата страна против која е поднесена претставката и да прибавиме документи. Дојдовме на увид кој е најавен пред една недела и извршивме увид на просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува поднесувачот на претставката, изјави Бендевска.

Културниот центар „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април во присуство на претставници на бугарскиот државен врв.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ