Навивачката група Комити денеска организира протестeн марш во чест на починатиот Никола Саздовски – Саздо, кој ќе започне на плоштадот во Автокоманда, во 19.30 часот.
„Сите Комити, сите добри луѓе, секој што се чувствува како Македонец, од секој дел на Македонија да дојде заедно со својата фамилија, со пријателите и во еден мирен и достоинствен марш да го дигнеме гласот против неправдата. Да им докажеме на ‘европејците’ дека ние сме различни и сме поцивилизирани од ‘другите’“, стои на повикот.
Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе запалат свеќи во чест на Саздовски.
Комитите апелираат до граѓаните што ќе дојдат на маршот на најдостоинствен и мирен начин да го изразат нивното незадоволство за како што велат – селективната правда, и да се изборат за најстрога казна на сторителите.
Д.М.