• Latest

Комитите – „ѕвезди“ во спотот на Силјановска Давкова

April 19, 2019

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Комитите – „ѕвезди“ во спотот на Силјановска Давкова

April 19, 2019 18:00
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Дехран Муратов

И протестот за убиството на младото момче Никола Саздовски – Саздо, кој беше член на навивачката група Комити, се најде на промотивниот спот „21 април е денот!“ на ВМРО-ДПМНЕ, за нивната кандидатка за претседател на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Веднаш се поставува прашањето дали професорката по право се согласува со оваа реторика на партијата, каде што на промотивниот спот има инсерти од протестот за Саздо на навивачката група Комити, кои истиот ден, додека протестираа, скандираа и бараа смрт за Албанците. На крајот, спотот завршува со зборовите „Македонија го возвраќа ударот“. Каков удар ќе возврати? Против кого?

Ако веќе се злоупотребува смртта на младото момче Саздо, за тоа дека „нема правда“, во спотот на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш зошто го нема и случајот на малиот Алмир? Или таа смрт е помалку битна, па затоа се согласуваат со судската одлука за тој случај? Кандидатката Силјановска Давкова, која е професор по право, сепак, промовира селективна правда и остава дилема дали навистина се бори да има „правда за сите“?

Инаку, досега од навивачката група Комити не се оградуваат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ дека ги користат во политичка кампања, односно промотивните спотови. А, ниту Силјановска Давкова не се огради од говорот на oмраза на Комитите.

Натпреварите од првата македонска фудбалска лига ќе се играат во сабота, ден пред изборите.

„Поради некој настан којшто во недела е планирано да се одржи во некоја друга држава (а на оваа територија), се презакажува фудбалскиот натпревар од првата македонска фудбалска лига, којшто ќе се одигра на стадионот Борис Трајковски во Маџари, Република Македонија, помеѓу нашиот ФК Вардар и Ренова. Наместо во недела истиот е презакажан за во сабота, 20.04 од 16:00ч.
#НикогашСеверна #ЦрвеноЦрнаРеволуција#БожеЧувајЈаМакедонија“, стои во повикот на Комити.

Минатата недела, на истиот стадион се одигра натпреварот меѓу ФК Вадар и ФК Шкендија, каде Комитите во текот на целиот натпревар користеа говор на омраза, повици за смрт на Албанците и погодија со шише и еден фудбалер на Шкендија.

Во минатото бевме сведоци дека и други навивачки групи повикуваа(т) на „смрт за Каури“, „Македонско девојче курва голема“…

Политичките партии често ги користат сите навивачки групи за свои политички цели. Надлежните институции и политичките субјекти, ако воопшто реагираат, тогаш само формално го осудуваат говорот на омраза, сексизмот, фашизмот, расизмот и повиците на смрт на навивачките групи, но, нема вистински напор и желба да се стави крај на ваквите појави.

Share27TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ