Алгоритмот на Фејсбук помогна да се поттикне виралното ширење на омраза и насилство за време на граѓанската војна во Етиопија, се тврди во еден правен случај.
Абрам Меарег, син на етиопски академик кој што беше убиен откако беше нападнат поради објави на Фејсбук, е меѓу оние што го покренаа случајот против Мета.
Тие сакаат фонд од 2 милијарди долари (1,6 милијарди фунти) за жртвите на омраза на Фејсбук и промени во алгоритмот на платформата.
Од Мета порачаа дека инвестирале многу во справувањето и технологијата за да се отстрани омразата, известува Би-Би-Си.
Претставник на Мета изјави дека говорот на омраза и поттикнувањето насилство се против правилата на платформата.
„Нашата работа за безбедност и интегритет во Етиопија се води од реакциите од локалните граѓански организации и меѓународните институции“, рече претставникот.
Минатиот месец беше договорен изненадувачки мировен договор – но неодамна имаше пораст на етнички мотивирани убиства меѓу заедниците од говорното подрачје на Амхара и Оромо.
Минатата година таткото на Меарег стана една од жртвите на насилството во земјата.
На 3 ноември 2021 година, професорот Меарег Амаре Абрха беше следен до дома од неговиот универзитет од страна на вооружени мажи на мотори и застрелан од непосредна близина обидувајќи се да влезе во семејната куќа.
Заканите од неговите напаѓачи ги спречија сведоците да му помогнат додека лежеше раскрвавен, истакна неговиот син. Тој почина лежејќи на земја седум часа подоцна.
Пред нападот, преку објави на Фејсбук биле упатени клевети и биле откриени идентификациски информации за него, вели неговиот син. Една објава беше отстранета откако неговиот татко беше убиен.
И покрај постојаните поплаки со користење на алатката за известување на Фејсбук, платформата „не ги отстрани овие објави додека не беше предоцна“.
Друга таква објава со слична содржина , кој платформата се обврза да ја отстрани, остана онлајн до 8 декември 2022 година, дури 5 дена по извршеното убиство.
Подготви: Н.Абдурахмани