Categories

СОСТАВ Комплетиран кабинетот на Пендаровски

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е оформен и веќе се познати имињата на неговите членови.

Довчерашниот портпарол на Владата, Миле Бошњаковски сега е назначен за генерален секретар или шеф на Кабинетот, Билјана Радева е прес офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов е советник за надворешна политика, Тоше Зафиров е советник, Биљана Мицевска е шефица на протокол, Катерина Цаневска е советничка за медиуми, Љуљета Адеми е советничка која ќе ја води комуникацијата со лица со посебни потреби.

Надворешни советници се Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, а Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи.
Како надворешен соработник бил поканет и Блерим Река, но одбил формален ангажман.
Исто така Пендаровски го именувал Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање.
Print Friendly, PDF & Email