Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска ќе оствари средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа, с, кој од 28 јануари до 2 февруари 2018 година е во посета на Република Македонија.
Како што соопштуваат од МНР, на средбата двајцата соговорници ќе разговараат за состојбата со човековите права и слободи, меѓународните обврски на нашата држава на полето на човековите права, како и за актуелните случувања и текот на започнатите реформи во Република Македонија.
ЦМ