Александар Кондев, фотограф и граѓански активист, учествуваше на работилницата „Граѓанска повелба-Што има тука за мене?“ во Скопје, организирана од ЦИВИЛ. Работилницата беше посветена на подобрување на меѓусекторската соработка и партерство меѓу локалната власт, граѓанското општество, медиумите и бизнис заедницата.
„Граѓанската повелба ги осветлува познатите искуства од граѓанскиот начин на живеење. Нејзината афирмација е основа на граѓанското живеење во сите демократски држави. Ако Македонија сака да живее во една демократска Европа, тогаш оваа платформа е основа на меѓусебните односи на граѓаните и на односот на граѓаните со државата и другите субјекти“, изјави Кондев.
„Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ ќе продолжи да ја промовира Граѓанската повелба на еден поинаков начин. Целта на проектот е засегнатите страни во граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии да се запознаат со содржината на Граѓанската повелба и да дискутираат за усвојување и користење на овој документ, како и можностите за заедничка соработка и партнерство.
Проектот „Граѓанска повелба-Што има тука за мене“ е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов