• Latest

Осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство како воспитна мерка

November 28, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство како воспитна мерка

November 28, 2019 12:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во светот милиони деца живеат во страв од физички, емоционално и сексуално насилство. Регионот на Западен Балкан не е исклучок, каде што и покрај сè поголемото политичко внимание и одговор во политиките и услугите, насилството врз децата и натаму е широко распространето, не се пријавува и екстремно им штети на децата.

За да се стави крај на насилството, владите од Западен Балкан се обврзаа да ја забрзаат акцијата за ставање крај на сите форми на насилство врз децата до 2030 година, беше речено на отворањето на  дводневната конференција „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан“ што се одржува во Скопје.

 

-Насилството врз децата е една од најдевијатните појави, која за жал се случува секој ден во секој крај на светот. За многу од нив дознаваме од медиумите, од заедницата од училиштата, но има илјадници за кои никогаш нема да дознаеме, рече претседателот Стево Пендаровски.

Тој посочи дека глобалната анкета на УНИЦЕФ од пред две години покажува дека речиси 80 отсто од родителите и старателите користат најмалку една форма на насилство врз децата, а една петина од анкетираните пријавиле дека користат само позитивни методи и ненасилни методи на родителство.

-Истражувањата покажуваат дека децата жртви на насилство се изложени на поголем ризик и самите да повторат и сторат насилство кога ќе станат возрасни и тоа најчество врз сопствените деца. Насилството не им штети само на децата и семејствата туку и на целокупното општесто. Многубројните анкети на ученици и студенти покажуваат дека тие имаат вкусено физичко и емоционално казнување, физичко и емоционално занемарување и најтешкиот облик сексуално злоставување, истакна претседателот Пендаровски.

 

Според него, во Република Северна Македонија бројките исто така се немилосордни, бидејќи истражувањата покажуваат дека осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство примарно со цел да ги подучат децата.

– Кај нас преовладува  ставот дека детето треба да бие послушно, наспроти љубопитно или независно. Истражувањата укажуваат на генералниот став дека општеството не треба да интервенира во семејството и неговите утврдени практики  и дека право на родителот е да го одлегува своето дете онака како што е најсоодветно. Нашиот одговор во борбата против насилството врз децата е дека тој треба да биде сеопфатен – заедничко дејстување од сите нас од ресорните министерства, социјалните служби, образовните институции и граѓанскиот сектор, нагласи Пендаровски.

Ако не успееме во превенција, како што рече, последиците ќе бидат трауматични и долгорични, затоа е потребно интегрирано решение и заеднички пристап за проблем кој сите не засега.

Пендаровски порача дека здравствените работници треба да се оспособат да препознаваат рани знаци на насилство, обазовниот систем да ги зајакне општествено емоционалните вештини кај децата, системот за социјална заштита да даде одговор преку оперативен и мултидисциплинарен стручен тим, а припадниците на полицијата да бидат професионално обучени за работа со деца.

 

Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани во својот говор истакна дека секое трето дете во Северна Македонија е засегнато од физичкото насилство, а секое петто девојче пријавило некаков вид сексуално насилство.

-Овие бројки кога ќе ги претвориме во однос на бројот на населението се огромни. Степенот на ангажман што е, потребен во нашето општесто да ги погледнеме институциите, колку тие можат да помогнат во моментот на откривање и превенција и доколку се случи како да се спроведе закрепнување и заздравување, рече ди Џовани.

Според неа, децата се изложени на насилство и преку образовниот систем и затоа училиштата се важен дел од местата каде децата растат и учат да станат успешни возрасни лица, а тука се и предучилишните установи.

-Социјалните работниците се меѓу важните фактори за да се помогне во справување во стресот и да ги подучат семејствата како да го подигнат степенот на воспостување на децата, рече ди Џовани и дополни дека ако децата не ги воспитаме како да се снајдат со стресот можат да прибегант кон насилство во решавање на проблемите.

 

Шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар рече дека деновиве се одбележува 30-годишнината од Конвенцијата за правата на детето на ОН, кој е еден од најратификуваните документи за човековите права и дека според СЗО речиси десет отсто до децата од Европа страдаат од сексуална злоупотреба.

-Една-четвртина страдаат од физичка злоупотреба и речиси една-третина страдаат од психолошка злоупотреба. Покрај сите заложби 25 милиони деца во Европа сè уште се гладни и живеат под прагот на сиромаштијата. Децата ширум светот се жртви на експлоатација, злоупотреба, трговија со деца, страдаат од проблеми со менталнто здравје, некои од нив вршат самоубиства, рече Жбогар.

Престои долг пат, како што нагласи, за сите деца независно од нивното потекло да се заштитат од насилство, а најраливи се оние кои живеат во сиромаштија и кои имаат попреченост.

-Најважно е децата да бидат свесни за своите права и да можат да проговорат за тоа. ЕУ и УНИЦЕФ неодамна почнаа кампања во која ќе се вклучат младите луѓе и децата да работат на своите права за кои што ги разбирата и да ги користат платформите кои ги познаваат, рече Жбогар.

Министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека дводневната конференција е можност да се разговара со видни светски експерти за нивните искуства, за тоа што  треба да направиме во нашиот систем за да го зајакнеме овој сегменет се со цел да имаме здрава и напредна младина.

-Слушнавме од воведните обраќања какви сериозни последици може да настанат кога станува збор за насилство кај деца. Мора да имаме предвид дека менталното здравје, евентуалните вакви настани во најраното детство може да останат сериозни последици на општото здравје понатаму, а тоа значи и помала можност за вклучување во општеството, карактерни малформации сето тоа што значи личности коишто не можат да го дадат целокупниот и да се вградат во сите општествени процеси, истакна Филипче.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, кој учествува на конференцијата, посочи дека работат на подигнување на општествената свест во борбата против насилството врз децата.

– Предвидено е менаџментите на училиштата веднаш да пријават насилство, надлежните институциите да постапуваат, а има и посебни програми за децата кои покажуваат насилни дејствија, како и програми и консултации за родителите и старателите на тие деца. Повеќе сме фокусирани на превенирање на вакви ситуации, рече Адеми и додаде дека предвидена е и обврска на сите кои ќе дознаат за какво било насилство и дискриминација да го пријават случајот во надлежната институција.

Утре, на вториот ден од конференцијата најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министеерот за образование Арбер Адеми и министерот за здравство Венко Филипче.

На завршната церемонија Владата на Република Северна Македонија, која е домаќин на конференцијата со поддршка од УНИЦЕФ, ќе се заложи за пристапување кон Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата. 

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ