Педесетте стипендии се наменети за студенти со македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција.
Стипендијата се доделува за додипломски студии од прв циклус колку што се предвидени со статутот на високообразовната установа во Република Северна Македонија (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид), се наведува во конкурсот на МОН.
На корисникот на стипендија целосно му се надоместуваат трошоците за студирање: уписнина, бесплатно сместување и исхрана во студентски дом, месечна стипендија, примарно здравствено осигурување, трошоци за издавање и продолжување дозвола за привремен престој на странец заради студирање. Министерството за образование и наука определува во кој студентски дом ќе се смести кандидатот кој се стекнал со право на стипендија.
Повеќе информации за условите и потребните документи за конкурирање, кандидатите може да добијат во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во државите каде што живеат и таму треба да ги достават пријавите и потребните документи, најдоцна до 31 август 2023. ДКП-та на нашето МНР во нивните земји ќе ги известат кандидатите дали стекнале право на стипендија.
Во конкурсот објавен на веб-страницата на МОН се наведени документите што треба да се поднесат со пријавата.
За детаљно информирање во врска со факултетите и студиските програми, МОН упатува на интернет-страниците на државните универзитети: www.ukim.edu.mk, www.uklo.edu.mk, www.ugd.edu.mk, www.uist.edu.mk, www.unite.edu.mk, www.unt.edu.mk и www.mon.gov.mk
Извор: МИА