• Latest

Контраспин: Дали Ковачевски го ослободи и Трајко Вељаноски?

February 8, 2022

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Дали Ковачевски го ослободи и Трајко Вељаноски?

February 8, 2022 12:49
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Aко се појде од тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека под власт на СДСМ правдата е мислена именка, бидејќи апелацискиот суд донел решение за укинување на мерката притвор за Драги Рашковски и тоа се образложува со тврдење дека „пиунот Ковачевски го ослободил миленикот на Заев“, тогаш се наметнува и прашањето дали Ковачевски го ослободил и Трајко Вељаноски, бидејќи и овој му е миленик на Заев?, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин.

Укинувањето на мерката притвор за Драги Рашковски беше повод за соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое се препознава спин:

Спин: Правдата со СДСМ на власт е мисловна именка, доказ за тоа е и ослободувањето на Драги Рашковски.

Пиунот Ковачевски го ослободи миленикот на Зоран Заев.

Рашковски се смее на правдата во лице, наместо во затвор му се укина и куќниот притвор.

( Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Соопштение, датум: 03.02.2022 )

Контраспин: Реагирајќи на одлука на Апелациски суд, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ослободување од куќен притвор на Драги Рашковски е доказ дека правдата со СДСМ на власт е мисловна именка – тврдење во кое се препознава спин.

Станува збор за извртување на вистината по три основи. Првата е формалноста и вистинитоста на тврдењето кое е спинувано. Имено, одлуката за укинување на мерката притвор на поранешниот генерален секретар на владата Рашковски е одлука, решение кое е донесено од судии во Апелацискиот суд во Скопје. Во државата, како што е општо познато, системот е поделен на извршна, законодавна и судска власт и сите се или треба да бидат независни една од друга. Значи во овој случај, дел од судската власт, постапувајќи по барање на одбраната на Рашковски, кој е обвинет за две кривични дела, донела одлука/решение дека веќе не постојат основи за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, за кој пред неколку дена стартуваше судската постапка.

Ова значи дека нема ништо формално точно во тврдењето дека „пиунот Ковачевски го ослободи миленикот на Зоран Заев“, зашто тоа би значело де факто, дека по налог на поранешниот премиер Зоран Заев, актуелниот Димитар Ковачевски во еден згуснат распоред помеѓу обврските во Скопје, Софија, Брисел…, нашол време и имал моќ да влијае врз судии во Апелацискиот суд да донесат одлука за укинување на мерката куќен притвор за Драги Рашковски. Доколку пак, партијата располагала со такви докази за влијание врз одлуката на судиите – оти, навистина, за независноста на судската власт сè уште се расправа во општеството – тогаш ВМРО-ДПМНЕ била должна да ги стави таквите докази на увид на јавноста .

Конечно, постои уште еден елемент кој ја истакнува апсурдноста и спинувањето во тврдењето на опозициската партија, а кој во исто време многу зборува за селективноста при комуникацијата со јавноста во ВМРО-ДПМНЕ. Имено, во текот на истиот ден кога Апелацискиот суд во Скопје донел решение за укинување на мерката притвор на Рашковски, истиот суд донел и уште една друга одлука. Укината е мерката куќен притвор и на Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието и една од перјаниците на ВМРО-ДПМНЕ, кој пак, за разлика од Рашковски на кого допрва ќе му се суди, првостепено е осуден на казна затвор од 6,5 години за сосема друг тип на казнено дело, организирање на настаните од 27 април 2017 година.

Но, решението на Судот за Трајко Вељаноски го нема во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Само Рашковски е апострофиран, што пак, укажува на селективност во комуникацијата со јавноста на партијата. Ова е важен елемент кој исто така води до препознавање на спинот.

Зашто, ако се појде од тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека под власт на СДСМ правдата е мислена именка, бидејќи апелацискиот суд донел решение за укинување на мерката притвор за Драги Рашковски и тоа се образложува со тврдење дека „пиунот Ковачевски го ослободил миленикот на Заев“, тогаш се поставува и прашањето дали  Ковачевски го ослободил и Трајко Вељаноски, бидејќи и овој му е миленик на Заев? Што само по себе укажува на апсурдноста на тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се препознава спин, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ