• Latest
Депонија на арсен во Лојане, извор: МЕТА, фотографија на Бојан Блажевски

Концесионерот што треба да го исчисти арсенот во Лојане молчи, власта најавува инспекција

January 21, 2022
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Концесионерот што треба да го исчисти арсенот во Лојане молчи, власта најавува инспекција

January 21, 2022 18:02
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Депонија на арсен во Лојане, извор: МЕТА, фотографија на Бојан Блажевски

Депонија на арсен во Лојане, извор: МЕТА, фотографија на Бојан Блажевски

Share on FacebookShare on Twitter

По објавата на Мета.мк за состојбата со складираниот арсен и други токсични минерални суровини во јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај селото Табановце, од Министерството за економија иницираа барање до надлежните инспекторати да извршат увид и да преземат соодветни мерки доколку констатираат недостатоци на терен.

Инспекциски надзор треба да извршат Државниот инспекторат за техничка инспекција и Државниот инспекторат за животна средина, кои имаат надлежност и да изрекуваат казни. Ова следува откако Мета.мк до Министерството за економија испрати прашања со укажување дека на двете локации во Лојане и Табановце не е поставена ограда и информативни табли, коишто треба да го спречат влезот до локацијата каде што е складиран арсенот и да предупредуваат за опасноста од вдишување на арсен.

Да потсетиме, на околу 100 метри воздушна линија од јаловиштето во рудникот „Лојане“ се наоѓа основното училиште „Рилиндја“, во кое настава следат учениците од шесто до деветто одделение од селата Лојане и Ваксинце. Во близина на депонијата со арсен кај селото Табановце пак се наоѓа железничката станица и кампот за мигранти, така што постои опасност деца или неинформирани граѓани да дојдат во контакт со арсенот.

Мета.мк веќе 10 дена пробува да стапи во контакт и со претставништвото на турската компанија „Калтун Мадденџилик“ во земјава, која што е концесионер за експлоатација на отпадните минерални суровини што се лоцирани во јаловиштето на рудникот „Лојане“.

Минатата недела пробавме да стапиме во телефонски контакт со претставникот на концесионерот Мерт Ајдин, но на телефонските броеви на коишто го побаравме, од вработените бевме информирани дека тој се наоѓа во Турција и дека ќе треба да му ги испратиме прашањата преку електронска пошта за да добиеме одговор.

По ова, по мејл испративме прашања до Ајдин, пред 10 дена на македонски, а пред една недела и на англиски јазик, но до денешен ден не добивме одговор на прашањата зошто просторот околу јаловиштето во рудникот не е ограден и зошто не е поставена информативна табла.

Од концесионерот не добивме ниту одговор колкави количества од отпадните минерални суровини досега се извадени од јаловиштето во „Лојане“ и колку од нив се транспортирани надвор од земјава. Прашавме и кога планираат да го интензивираат извозот на складираните количества што се наоѓаат во рудникот.

Во исчекување на резултатите од инспекцискиот надзор во Лојане и Табановце, потсетуваме дека Мета.мк пишуваше за труењето на илјадници жители од овие села во општините Липково и Куманово од арсенот и другите отровни минерали расфрлани на двете локации. Рудникот за хром, антимон и арсен „Лојане“ престанал да работи во далечната 1979 година и од тогаш наваму непрекинато ги труе луѓето и животните, а ги загадува и водите, воздухот и почвата во Лојане, Табановце и Ваксинце.

Покрај опасноста од вдишување на арсенот поради можноста било кој да пристапи на двете локации, жителите од околните села на нивите околу складираниот арсен садат земјоделски култури, а Мета.мк беше сведок и на пасење на домашни животни во близина на рудникот „Лојане“. Земјоделството е главниот извор за егзистенција на најголем дел од населението во овие рурални средини. Исто така, со арсен загадени се и локалните извори и речните води.

Оваа тема со години наназад добива третман од македонските медиуми, но оваа „жешка“ еколошка точка останува да биде главен проблем во живеењето на локалното население кој е нерешен од властите. Мета.мк побара став и од Министерството за образование и наука, општините Липково и Куманово за дислокација на учениците од постојниот образовен објект лоциран до рудникот „Лојане“ во други згради во селата Ваксинце, Лојане или Табановце, но реакција добивме единствено од општина Липково, кои ни рекоа дека во моментов нема можност да се префрлат учениците на друга локација, бидејќи бројот на основци што ја следат наставата е голем.

извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ