Бендовите Мариналеда и Ема на 10 февруари ќе одржат концерт во Социјалниот центар Дуња, со почеток во 20 часот.
Ема е пост-хардкор бенд и ова ќе биде нивниот прв настап пред публика, а Мариналеда се веќе добро познати пред македонската алтернативна сцена.
Мариналеда се пост-панк бенд од Скопје, на алтернативната сцена се веќе 3 години и досега имаат само еден видео спот за нивната песна „Скопје“, и повеќе настапи во МКЦ, Браво Кафе, Агора во Куманово и други. Нивната музика можете да ја слушнете тука.
Влезот на овој концерт ќе биде донација.
А.П.