Германската амбасада во Скопје соопшти дека ги затвора Конзуларното и Визното одделение на неопределено време поради ширењето на коронавирусот.
Сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин.
За тие што имаат исклучиво германско државјанство и германски пасош и/или лична карта што ќе станат невалидни во следните два месеца или веќе се неважечки, амбасадата треба да се контактира по мејл во кој ќе се приложи копија од документот. Амбасадата понатаму ќе информира на нејзината веб-страница штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини.
П.К.












