• Latest

Кордалов: Ако немате информирани граѓани, лажните вести имаат одлична можност да го заземат местото на кредибилните информации

June 1, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Кордалов: Ако немате информирани граѓани, лажните вести имаат одлична можност да го заземат местото на кредибилните информации

June 1, 2022 13:11
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Мора да земеме предвид дека Македонија е сиромашна земја. И тоа не го кажувам тоа како оправдување, туку како факт. Ние имаме околу 700.000 луѓе што живеат под прагот на сиромаштијата, над 500.000 луѓе што живеат со 3 евра на ден, имаме нецели 20% современа канализациона мрежа низ целата земја, имаме образование што дури и во самите општини не е еднакво квалитетно, имаме отежнат пристап од внатрешноста кон главниот град… зборуваме за многу сериозна состојба во којашто се наоѓаме и граѓанките и граѓаните се исправени со многу егзистенционални предизвици. И во таква една ситуација уште повеќе е отежнато ние да имаме ефикасна борба со дезинформациите и лажните вести“, вели комуникологот Бојан Кордалов во интервју за ЦИВИЛ Медиа, на тема дезинформации и пропаганда во нашата земја.

Кордалов додава дека ваквата состојба треба да е сигнал до властите дека работите мора да се менуваат од корен.

„Креаторите на лажните вести и дезинформациите имаат јасна цел да наштетат на одреден процес, појава, институција, систем… Мора да разбереме дека лажните вести се нешто многу различно од лага. Кога, на пример, ние велиме дека некој политичар ветил автопат дека треба да се изгради, а не се случило тоа во мандатот, тоа е неисполнето ветување, тоа е лага. Кога велиме лажна вест, тоа значи дека некоја структура намерно таргетира институција, влада, демократски систем. Пораките секогаш се спакувани на начин да не пленат, исплашат, загрижат и натераат да мислиме дека знаеме нешто посебно, дека откриваат нешто и дека ако го рашириме понатаму преку интернет платформите дека ќе помогнеме во некој позитивна кауза, а не дека се вклучуваме во системот на лажните вести“, смета Кордалов.

Кордалов смета дека медиумите, оние сериозни и професионални, се најголемите борци против дезинформациите и лажните вести и дека потписот на уредникот, новинарот, фотографот, вредат многу и за публиката тоа одредува дали некоја информација е точна или не.

„Јас сум незадоволен колку властите даваат признание на медиумите за тоа што го работат. Сметам дека мора многу повеќе да го прават тоа, затоа што медиумите чекаат потврда од властите. На тој начин ќе ја поддржат борбата што ја водат медиумите со лажните вести и ќе бидат во сојуз во тој процес. Граѓанскиот сектор од друга страна, е посветен во голема мера. Одредени организации, како што е и ЦИВИЛ, но и други интензивно работат на она што се нарекува борба или создавање на пат за да се избориме со лажните вести. Препораки што би ги дал: Граѓанските организации да работат на демистификација на лажните вести, да може да се разбере јасно што се лажни вести, инклузивност – поголемо обединување и заедничка работа, целта мора да биде иста, мора да се прави притисок врз властите за да бидат постојано, континуиран притисок, сите видови власти кои земаат пари од граѓаните, колку се потранспарентни властите, толку поблиску ќе бидат во нашиот видокруг и помалку ќе прават штета и последната работа е дигитализацијата – неопходно е информациите да бидат јавно, онлајн достапни“, истакна Кордалов.

Што се однесува до мерките што може државата да ги преземе во борбата против дезинформациите, според Кордалов е да креира систем во кој образованието и критичкото мислење ќе бидат ставени на повисоко ниво.

„Властите во Македонија генерално уживаат да прават стратегии и планови. И тоа не само оваа власт, тоа во континуитет се случува децении наназад. Кога ќе се јави некое горливо прашање во јавноста или некој тренд во светот, само се фаќа просторот и се вели имаме план што ќе се прави следните 10 години на оваа поле. И толку. Она што не се прави е инклузивност. Мораат да се обединуваат властите, сите власти, политички партии, сите моментални и идни власти, Мора да разберат дека одлуките што се носат граѓанките и граѓаните треба да ги чувствуваат како свои“, вели Кордалов.

„Да вложуваме во граѓанките и граѓаните, не може да ги делиме луѓето на ваши и наши, на луѓе кои се поблиски до нашите сфаќања и луѓе кои не, зборувам за политиката и за државата, секој мора да си ја врши својата улога  во делот на сузбивање на лажните вести и дезинформации – властите да носат добри закони, медиумите да продолжат да бидат фокусирани на граѓаните и да ги подобруваат своите медиумски стандарди, секој од нас, граѓанките и граѓаните, да вложуваме во развој и следење на новите технологии и секако да го искористиме во огромна мера образованието кое е неопходно да гради критичко размислување. Да вложуваме во дигитализацијата, за да не ги изгубиме младите и умствено, да ја следат состојбата во државата. Ако немате информирани граѓани што следат што се случува во општествениот и политичкиот живот, лажните вести имаат одличен процеп како да влезат и да го заземат местото на кредибилните информации“, заклучи Кордалов.

Биљана Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ