• Latest

Коруптивен видео-спот за време на изборен молк што ги чинеше граѓаните 1,1 милион евра

July 17, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Коруптивен видео-спот за време на изборен молк што ги чинеше граѓаните 1,1 милион евра

July 17, 2020 12:29
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Видео-клип платен од државниот буџет со зделка од 2016 г. која е под истрага за корупција беше објавен на Јутјуб и користен за мобилизација на гласачите преку огласи на Фејсбук во текот на изборниот молк меѓу 13 и 15 јули 2020 г.

Клипот насловен „Налеј, налеј – Македонија е љубовна приказна“ беше објавен на Јутјуб на 12 јули на каналот „Macedonia TV series“ и во наредните денови беше промовиран на социјалната мрежа Фејсбук преку многубројни платени огласи од неколку различни страници.

Еден од огласите за промоција на спотот кој за помалку од еден ден добил скоро две илјади лајкови, 45 кометари и 76 споделувања.

Целта на оваа пропагандна операција беше недвосмислена – да се предизвикаат емоции кај гласачкото тело преку потсетување на патриотски теми со цел да се гласа за партија која го присвојува историското наследство на револуционерната борба од почетокот на XX век. Така, една од „спонзорираните“ објави на Фејсбук повикуваше:

„Да се наежиме и со љубов и со пенкало да си ја вратиме татковината!! Да му покажеме на светот како изгледа вистинскиот  референдум за Македонија!!“

Текстот прави директна алузија на изјавата на политичкиот противник Зоран Заев по изборите од 2016 година дека „режим падна со пенкало“ – односно преку мирно гласање.

Спотот е единствената снимка од несудената играна серија „Македонија“ која продуцентската куќа Јадран Филм ДООЕЛ Скопје ја  има направено достапна до јавноста. За серијата од државниот буџет било договорено да се исплатат 4,6 милиони евра.

Според истражувањето на Призма од ноември 2017 година, за серијата до тогаш биле потрошени 1,1 милион евра народни пари. Таа година продуцентот требало да покаже дека парите се наменски потрошени со тоа што до септември ќе ја емитува првата сезона од 14 епизоди.

Но, освен краток трејлер и една сцена од нецела минута, на официјалниот канал на Јутјуб во наредните скоро три години не е објавено ништо друго од серијата.

Содржината на трејлерот е слична на содржината на спотот објавен од истата фирма и промовиран во текот на изборниот молк – сцена во кафеана од 1903 година при која присутните ја пеат народната песна „Налеј, налеј“, која е дел од легендата за гемиџиите.

Во декември 2017 година Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција почнало истрага за случајот, за во февруари 2020 г. Основното јавно обвинителство – Скопје  да поднесе обвинителен акт против поранешната директорка на Агецијата за филм за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување со цел на Јадран Филм ДООЕЛ да му прибави „значителна имотна корист од 68.000.000 денари“.

За потребите на промоција на спотот беа користени постоечки и новоотворени страници на Фејсбук. Една од нив, насловена „Наша татковина Македонија“ беше отворена на самиот ден на изборите 15 јули, искористена за лансирање огласи, а по завршувањето на гласањето угасена, веројатно во обид да се прикријат финансиските траги за овој дел од изборната кампања.

Снимка на екранот на отстранетата Фејсбук страница “Наша татковина Македонијa“ активирана во текот на изборниот молк. Фото: Мета.мк

Од неодамна, Фејсбук промовира поголема транспарентност за страниците на нивната платформа. Тоа ги опфаќа и страниците кои се избришани, за кои сепак останува трага дека постоеле.

Информација од Фејсбук дека страницата „Наша татковина Македонија“ била избришана.

Според податоците кои Фејсбук ги дава јавно за линкот кон видеото, промоцијата со платени огласи овозможила вкупно 37.459 реакции (лајкови, коментари или споделувања) на објавите на различни страници, кои пак довеле до 200.846 гледања на самото видео од Јутјуб заклучно со 16 јули.

Проценките за финансиските средства потребни да се постигне таков ефект со огласи, во комбинација со „неавтентично однесување“ односно координирана акција на профили од мрежи на тролови на кои им е наложено оркестрирано да лајкнуваат или споделуваат, се движат во ранг од неколку стотици до неколку илјади евра.

Освен преку огласи на Фејсбук, видеото го промовираа и неколку онлајн медиуми, меѓу кои и неколку кои имаат јасна партиска ориентација, од кои дел од нив и се финансираат преку Унгарија. Дел од тие објави дури го прогласуваат за „вистински македонски социјален феномен без преседан“ тврдејќи дека видеото имало над еден милион гледања, наспроти јавно достапниот податок на неговата страница на Јутјуб за пет пати помал број.

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ