• Latest

Косово упати протестна нота до Северна Македонија за инцидентот со претседателката Вјоса Османи

August 3, 2024

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025

Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Косово упати протестна нота до Северна Македонија за инцидентот со претседателката Вјоса Османи

Косовско Претседателство случката со Османи на скопскиот аеродром ја оценува како чиста провокација и намера да се предизвика инцидент

August 3, 2024 09:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за надворешни работи на Косово – Доника Гервала објави дека испратила протестна нота до Северна Македонија, барајќи најбрзи и најцелосни појаснувања за инцидентот на скопскиот аеродром во кој беше вмешана претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Во соопштението на косовското МНР се наведува дека Османи се соочила со „несоодветен и незаконски третман од обезбедувањето на скопскиот аеродром“.

„Министерот Гервала достави протестна нота до властите во С. Македонија, барајќи итно и целосно расчистување на овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за да се истражи овој случај и да се погрижат ваквите настани да не се повторат во иднина“, пишува во објавата на косовското МНР на Фејсбук.

Во соопштението се наведува и дека министерката за надворешни работи – Гервала, вчера вечерта по инцидентот и денеска се сретнала со македонскиот амбасадор во Косово, „барајќи појаснување за случајот“.

„Исто така, денеска министерот Гервала во МНР оствари средба со вицепремиерот на Северна Македонија, Арбен Фетаи со кого разговарале за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамките на преземените дејствија, министерката Гервала попладнево добила телефонски повик од нејзиниот колега, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, при што била изразена загриженоста на институциите на Косово по вчерашниот инцидент“, се вели во соопштението.

Претседателството на Република Косово во петокот излезе со соопштение до јавноста во кое ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“ по инцидентот со претседателката Вјоса Османи на скопскиот аеродром, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението по повод инцидентот се наведува дека Османи единствено одбила да го даде на скенирање својот телефон, кој го користи како шеф на државата за официјални комуникации и за прашања од националната безбедност.

-Наместо да побара извинување, вчера и денеска (четврток и петок) Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија целосно го оправда барањето на аеродромското обезбедување да го земе и скенира личниот телефон на претседателката на Република Косово, кој шефот на државата го користи за официјални комуникации и за прашања од националната безбедност. Претседателката со право одби такво нешто, врз основа на советите кои со години ги добива од самите безбедносни институции. Всушност, денеска скопскиот аеродром, како и самото Министерство за внатрешни работи, признаа дека наредбата е дадена од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија за ваква контрола, што е целосно во спротивност со правилата за постапување со шефовите на држави според дипломатските практики, се вели во соопштението на Претседателството.

Понатаму, оваа институција дава опис на инцидентот и ги споменува меѓународните практики. Претседателството наведува дека македонската страна претходно била официјално известена за патувањето на претседателката согласно дипломатските практики.

-Не е точно дека претседателката одбила да ѝ се скенира чантата. Прво, претседателката немаше багаж како што се пропагира во бројните реакции во медиумите во Северна Македонија. Значи, лага е дека одбила да ѝ го проверат багажот. Имаше лична рачна чанта која веднаш ја стави во скенерот, иако обезбедувањето, според практиката на меѓународната конвенција, немало право да бара такво нешто. Единственото нешто што претседателката одби да го предаде е нејзиниот телефон, се вели во соопштението на косовското Претседателство.

Во него се демантираат тврдењата дека претседателката имала „нешто сомнително во нејзината чанта“.

-Не само што е голема невистина, туку истовремено е и најсериозното обвинување и најсериозната пропаганда што досега медиумите во Северна Македонија ги упатиле кон Република Косово. Уште поскандалозно е денешното соопштение на МВР дека министерот за внатрешни работи на Северна Македонија имал некакви сознанија кои довеле до барањето да се провери личната чанта и телефонот на претседателката. Ова е невидена тенденција за оцрнување не само на претседателката, туку и на државата Косово. Северна Македонија треба да има предвид дека ваквата пропаганда се прави против една претседателка, која во текот на целиот свој мандат придонесе единствено за продлабочување на позитивните односи меѓу Косово и Северна Македонија.

Претседателството на Косово барањето за одземање на телефонот и негово ставање во скенерите го смета за однесување надвор од секаква пракса и протокол.

-Вчерашната ситуација на скопскиот аеродром не може поинаку да се објасни ниту да се оцени освен како чиста провокација и намера за предизвикување инцидент. Наместо изговори и дозволување пропаганда против Република Косово, бараме од официјалните власти во Скопје итно да го третираат случајот со висока сериозност и да преземат соодветни мерки против службените лица кои го извршија овој напад на Република Косово, порача косовското Претседателство.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ